Duration: 08.01.2025
Price: 2690€
Book Now!
voy


Групно крстарење по Персиски залив 08.01.2025 -18.01.2025

Дубаи (ОААЕ) – Доха (Катар) – Бахреин – Абу Даби (ОАЕ) – Сир Бани Јаз (ОАЕ)


1. ден (08.01.2025) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ -ДУБАИ Состанок на патниците на аеродромот Скопје 18:30 часот. Полетување за Истанбул во 20:45 (лет ТК 1006). Оброк во авион. Слетување во Истанбул во 00:15. Полетување за Дубаи во 01:35 (лет ТК 762) на 09.01.2025. Оброци во авион.

2. ден (09.01.2025) ДУБАИ  Слетување во Дубаи во 06:55 часот по локално време. По царинските и пасошки формалности организиран панорамски разглед на Дубаи (Burj el Arab, Dubai the Palm, Madinat Jumeirah). Прекрасна можност да го видите модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Dubai, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Застанување за фотографирање кај Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Околу 14:00 часот чекирање во хотелот. Слободно попладне
ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –ВЕЧЕРНО КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise/ после 19 часот (трае околу 3 часа со вклучен трансфер од/до хотел) – 70 ЕУР по лице  Во вечерните часови Марина dhow cruise – крстарење по Марината со вечера. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).

3.ден (10.01.2025)  ДУБАИ Слободен ден за разгледување на Дубаи. Предлагаме претпладневно уживање на ЈБР плажата. Попладне Dubai Mall, Dubai Fountain & Burj Kalifa.
BURJ KALIFA – највисоката зграда во светот од 828 метри. Уникатно архитектонско чудо, кое ќе Ви одговори на прашањето како изгледа Дубаи, пустината и океанот од 124 кат …Во неа можете да посетите и некој од ексклузивните ресторани и барови (потребна е претходна резервација).
DUBAI MALL трговскиот центар втор по големина во светот по Иран Мол по вкупна површина и 26-ти најголем трговски центар во светот по бруто изнајмлива површина.
Следни атракции кои можат да се посетат овде
Аквариумот во Дубаи Мол трговскиот центар – уникатен аквариум каде може да видите и ајкули и многу видови на риби и морски останат морски свет. Доколку сакате да влезете во него потребно е да се купи карта во самиот трговски но доколку не сакате мал дел од аквариумот може да се види и од ходникот на самиот трговски центар. – Разиграни фонтани – најимпресивните разиграни фонтани во светот, во рамки на Дубаи Мол (најголемиот трговски центар во светот), спроти највисоката зграда на светот Бурж Калифа, кои танцуваат по 18 часот на секој половина час и секој пат на различна песна. Пред нив имате голем избор на ресторани и кафулиња за Ваш одмор

4.ден (11.01.2025) Дубаи Одјавување од хотелот во 11:00 часот. Трансфер до пристаништето во Дубаи. Процедура за чекирање и качување на бродот MSC Euribia. Почнува уживањето во содржините на бродот. Испловување во 19:00 часот

5. ден (12.01.2025) ДОХА  Пристигнување во Доха во 08:00. Разгледување на Доха, главниот град на Катар, кој не бега од модерноста, но ги задржува сите нијанси на арапската традиција: од Културното село Катара со неговите театри и галерии кои ги промовираат арапскиот стил и култура, до Бисер-Катар, суперлуксузен вештачки остров, и на крај до Сук Вакиф, најстариот пазар во главниот град каде што можете да купите секакви производи и да уживате во ориенталните мириси во во воздухот.
Предлог факултативна екскурзија
ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ДОХА (4 часа) – 60 Еур
Овој разглед ветува дека ќе го испорача најдоброто од Доха, главниот град на Катар и град кој успева да го спои модерното со традиционалното во архитектурата. Уживајте во живописно возење со автобус низ некои од најистакнатите и живописни знаменитости во Доха. Трасата започнува со поминување покрај Музејот на исламската уметност, во близина на градското пристаниште Дау и продолжува низ Корниш, Западниот Залив и Дипломатската област, Културното село Катара и Бисерот. Вештачкиот остров, The Pearl (Бисерот) наликува на облик на остриги – со импресивни 400 хектари и обезбедува повеќе од 32 км ново крајбрежје, на кои ќе бидат изградени околу 19.000 станбени единици за околу 45.000 жители. Закажано е застанување по должината на маршрутата за да си направите неколку фотографии кои ќе Ви останата како вредни спомени.
Вашето последно пристаниште ќе биде Souq Waqif, огромна чаршија во внатрешноста на градот која датира од 19 век, но била целосно обновена со користење само традиционални градежни материјали помеѓу 2004 и 2006 година. Полни со најразновидна стока, од злато и текстил до зачини и живи животни, Souq е искуство кое ќе ги вклучи сите ваши сетила. Разгледот потоа завршува со враќање на бродот. Им се советува на патниците дека колената и рамената мора постојано да бидат покриени и се препорачува да носат рамни удобни чевли и капа. По завршување на разгледот (4 часа), слободно време за активности.
Испловување во 18:00.

6. ден (13.01.2025) Бахреин   – Предлог факултативен разглед – ПОСЕТА НА БАХРЕИН (4 часа) – 65 еур
Овој полудневен разглед на некои од клучните атракции на Бахреин започнува во Манама, главниот град на оваа островска држава, со посета на Големата џамија Ал-Фатех, една од најголемите во светот. Мешајќи ги различните архитектонски стилови типични за Блискиот Исток, огромното, модерно здание може да се пофали со најголемата купола од фиберглас на планетата. Џамијата има капацитет да прими 7.000 верници истовремено и во неа се наоѓа Националната библиотека на Бахреин. Продолжувајќи понатаму, можете да се опуштите со возењето низ Манама, поминувајќи покрај модерни архитектонски чуда како Националниот музеј на Бахреин, Светскиот трговски центар на Бахреин, Финансиското пристаниште и блескавите трговски центри во градот. Вашата следна дестинација е доказ за тоа како Бахреин отсекогаш бил центар на трговците уште од античко време. Ќе го посетите археолошкиот локалитет Сар, чии урнатини сведочат за постоењето на многу организиран начин на живот со добро уредени патишта, куќи со дворови и централен пазар. Откриен во доцните 1970-ти, ископувањата откопале цело село со разни артефакти од населба стара 4.000 години скриено на неколку километри од главниот град. По оваа посета, ќе стигнете до Manama Souq. Проталкајте низ неговите улици слични на лавиринт, каде се продаваат мноштво предмети вклучувајќи облека, зачини, антиквитети, лековити мешавини и многу повеќе. Последно е фото-стоп пред неверојатниот Светски трговски центар на Бахреин на враќањето кон Вашиот брод

7. ден (14.01.2025) Пловидба  Ден за уживање во содржините на бродот MSC Euribia

8. ден (15.01.2025)  АБУ ДАБИ  Пристигнување во Абу Даби во 07:00 наутро. Будете подготвени, во Абу Даби ќе видите чуда кои соборуваат рекорди. Во Шеик Зајед Гранд џамијата, ќе откриете колку е голем најголемиот тепих на светот, како и каде се наоѓа гробот на основачот на џамијата. Во меѓувреме, молот Марина засекогаш ќе го промени вашато поимање на трговските центри.
Предлог факултативен разглед – ГРАДСКИ РАЗГЛЕД НА АБУ ДАБИ (4 часа) – 85 еур
Сместен на остров во облик на Т во крајбрежните води на Персискиот залив, Абу Даби не е само главен град на Обединетите Арапски Емирати, туку и дом на некои од најпознатите светски архитектонски зданија, футуристички облакодери и прекрасни џамии. Откако ќе го напуштите пристаништето, разгледот ќе Ве однесе до неверојатно убавиата Шеик Зајед џамија, ремек дело на нео-исламската архитектура и една од најголемите џамии во светот. Надворешните области на џамијата се украсени со околу 1.000 столбови, сите покриени со повеќе од 20.000 мермерни плочи кои се обложени со полускапоцени камења, вклучувајќи лапис лазули, црвен агат, аметист, абалонска школка и бисерна мајка. Потоа разгледот ќе Ве однесе по спектакуларниот пат Корниш и низ градот Абу Даби – љубезно наречен „Менхетен на Арапскиот свет” поради изобилството на ултрамодерни стаклени облакодери. Ќе имате можност да фотографирате и од луксузниот хотел Емирати Палас (само надвор), кој е единствен по својата импресивна локација. Разгледот завршува со возење покрај Манарат Ал Саадјат и посета на пазарот за урми во Абу Даби.
Главни застанувања:

  • Панорамска обиколка со автобус низ островите Саадијат и Јас, плус поглед на палатата Емирати
  • Големата џамија Шеик Зајед: внатрешна посета
  • Марина Мол: слободно време за шопинг Лувр Абу Даби: фото-стоп

9. ден (16.01.2025) Сир Бани Јаз Островот Сир Бани Јас е дом на голем резерват за диви животни основан во 1970 година со декрет на тогашниот шеик. Прекрасна плажа дизајнирана за потребите на патниците од бродот. Предлагаме уживање на плажата

10. ден (17.01.2025) Дубаи  Пристигнуваме во Дубаи во 09:00 часот.
Предлог факултативен разглед – Пустинско Сафари со традиционална вечера – 75 еур
Нешто што никако не смеете га пропуштите при вашата посета на Дубаи. Незаборавно искуство. Возење по екстремно големите дини со комплетно опремени и климатизирани џипови. На крајот на возењето вечера во импровизирано бедуинско село. Можност за јавање камили, бординг по песок, возење на баги колички. Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4×4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со возењето по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот пејсаж, одиме кон нашиот камп во пустината. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода се вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.

11. ден (18.01.2025)  Дубаи Скопје  Напуштање на бродот во 10:00 часот. Трансфер до аеродромт во Дубаи. Чекирање за нашиот лет кон Истанбул и Скопје. Полетување за Истанбул во 14:50 часот. Слетување во Скопје во 19:55 часот




ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз со Turkish airlines
  • Пристанишни и аеродромски такси
  • 30кг чекиран багаж + 8кг рачен багаж
  • 2 ноќевања во хотел на JBR на база ноќевање со појадок
  • Сместување во двокреветни балконски кабини на MSC Euribia на база Full board (храна вклучена)
  • Панорамски разглед на Дубаи 06.01.2024
  • Трансфери според програмата
  • Локални водичи за време на разгледите
  • Пратител од Скопје
  • Организација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Мулти Виза за Дубаи   Еур 180
  • Пијалоци на бродот
  • Факултативни разгледи
  • Доха разглед   Еур 60
  • Бахреин разглед  Еур 65
  • Абу Даби разглед   Еур 85
  • Пустинско Сафари со вечера  Еур 75

 

ВИЗИ: Визи обезбедува агенцијата по прибирање на потребната документација од страна на патникот.  За виза е потребен пасош со важност од минимум 6 месеци, 1 слика (5x5cm, со светла позадина), 180 евра. Визата се добива во рок од неколку дена.

СМЕСТУВАЊЕ: Брод MSC EuribiaАгенцијата организатор на ова патување строго води сметка за сместувачките единици. Агенцијата не ги одредува броевите на кабини и палубите на кои истите се наоѓааат. Го обезбедува типот на кабина кој е резервиран.

НАПОМЕНА: За резлизација на ова патување е потребен минимум од 20 патници

Услови на плаќање: За резервација на овој аранжман потребна е уплата од 50%, остатокот 30 дена пред почеток на патувањето.

ОТКАЗЕН РОК: До 40 дена пред патувањето се задржува 50% од цената, од 39 дена до почето на патувањето 100% од цената

Агенцијата организатор на ова патување го задржува правото на промена на редоследот на поединечни содржини од програмата доколку од тоа има потреба од објективни причини. Организаторот го задржува правото на промена на цена во случај на промена на курсот на монетарниот пазар и слично.