Прага (Дрезден – Виена)- 2НП – Денот на вљубените

Термин 10 Февруари

1 ден 10.02.2023:  СКОПЈЕ – ПРАГА:
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски, во 09:30ч. Поаѓање на автобусот  10:00ч. Се патува преку Србија. Денско и ноќно возење со попатни паузи

2 ден  11.02.2023: ПРАГА:
Очекувано пристигнување во Прага во предпладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки.   Ноќевање.

3 ден12.02.2023: ПРАГА – ДРЕЗДЕН:
Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага .  Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава.  Ноќевање.   

4 ден 13.02.2023: ПРАГА – ВИЕНА:
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан…. Слободно време во Виена.Во вечерните часови  патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 14.02.2023 : СКОПЈЕ:
Очекувано пристигнување во Скопје во  пладневните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  159 евра


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага  – Скопје
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага
  • Посета и разглед  на Виена
  • Организација и водство на програмата
  • Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА

  • Задолжително патничко здравствено осигурување 175 мкд
  • Разглед на Прага со локален водич  (20€)
  • Факултативен излет Дрезден (40€)
  • Крстарење со брод по В лтава  (20€)
  • Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма  (50€)
  • Туристичка такса 1 евро по лице на ден
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба 3.500 ден

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Редоследот на седење е според редослед и датум на уплата
  • Доплата за седиште по избор 10€
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Ви Травел
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање