Duration: 07.12.2024
Price: 175€
Book Now!
ст*ф


8-МИ ДЕКЕМВРИ ПРОЛОМ БАЊА


07.12.2024 (Сабота) СКОПЈЕ-ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата во 05.30час. на паркингот, пред хотел Русија. Поаѓање за Пролом Бања во 06.00часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне. Сместување во хотел Радан (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса). Ручек. Слободно време за индивидуални активности и релаксирање во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

08.12.2024 (Недела) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. После појадокот, заминуваме на факултатувна посета на Ѓавола Варош (доколку дозволат временските услови). Овој мистичен споменик на природата е избран во Топ 77 најголеми чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за реласирење во Спа центарот на самиот хотел. ВечераНоќевање.
09.12.2024 (Понеделник) ПРОЛОМ БАЊА-СКОПЈЕ
Појадок. Во 10.00час организирана пешачка прошетак до црквата Лазарица, која е единствена црква-брвнара во овој крај. Враќање во хотел и во 12.30 час поаѓање за Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот 175 евра


Во цената е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во двокревтни стандардни соби во хотел Радан 3* https://prolombanja.com/
  • Две ноќевања со појадок, ручек и вечера (шведска маса)
  • Секојдневно користење на Велнес центарот (сауна, џакузи базен со лековита пролом вода, солена соба, сауна, тепидариум, отворен-затворен базен)
  • Секојдневно користење на фитнес салата, сала за релаксација (билијард, пинг-понг, пикадо)
  • Организирана прошетка до црквата Лазарица
  • Организација, реализација и придружник на патувањето
  • Туристичка такса

Во цената не вклучено:

  • Задолжително патничко и здравствено осигурување-150мкд
  • Факултативна посета на Ѓавола Варош со локален водич, превоз и влезница-5 еур (Факултативата ќе се реализира, доколку дозволат временските услови)
  • Индивидуални трошоци (масажа, пијалоци и др.неспомнати услуги)
  • Патничко осигурување
  • Дете до 6.99- во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден.
  • Дете 6-11.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, плаќа 80€/4.960ден
  • Трет возрасен на дополнително кревет плаќа полна сума (на барање)
  • Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден за две ноќевања
  • Намалување за сопствен превоз -10€/620 ден од патник.

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.