БАЛТИЧКА БОЖИЌНА ПРИКАЗНА
РИГА – ТАЛИН
Со директен лет од Софија
(19.12.2024-23.12.2024)
Прв ден: 19.12.2024 година (четврток)-Кавадарци-Скопје-Софија-Рига
04.00 часот. Заминување на групата од Кавадарци и од Скопје во 05.30 часот кон Бугарија. Пристигнување на аеродромот во Софија во претпладневните часови. Полетување за Рига во 14.55 часот, слетување во 17:25 часот по локално време. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот. Сместување на групата во хотел „Avalon“ 4* во срцето на стариот град ( https://hotelavalon.eu/ ). Одмор од патувањето и слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Ова е неверојатна можност да ги доживееме божиќните убавини на Рига, градот кој најавува дека оваа година божиќниот пазар ќе биде најубав до сега, па дури и премногу убав за да биде реален. Треба да сме подготвени за многу позитивна енергија на едно место. На таа атмосфера не можете да и` одолеете туку едноставно морате да им се придружите. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Втор ден: 20.12.2024 година (петок)-Рига
Појадок. Организиран пешачки разглед на градот кој го започнуваме со прошетка низ камените улици на оваа престолнина која е под заштита на Унеско. Тука се црквите „Свети Петар“ и „Свети Јаков“, Катедралата со највредните оргуљи на светот, Градските ѕидови кои ќе не` вратат во стариот век, Шведската врата која е единствен сочуван влез во Стариот град, Парламентот, Куќата на црните глави- една од најубавите во цела Латвија, Споменикот на Слободата… По организираниот разглед, слободно време за индивидуални активности. Меѓу повеќето содржини на годинешниот божиќен пазар предвидено е секој петок туристите да ги забавува диџеј, а угостителите да обезбедат специјални коктели, слатки и деликатеси, модерни и зимски менија за улична храна, како и традиционална латвиска кујна. Аромите на цимет, ѓумбир и печени бадеми ќе го исполнуваат воздухот, а вареното вино ќе биде најзастапениот пијалок. Во куќата на Дедо Мраз која ќе биде отворена за посета посетителите ќе имаат можност да испраќаат писма до Лапонија! Доколку барате уникатен подарок за Божиќ на вашите најблиски, локалните латвиски занаетчии ќе понудат традиционални подароци. Ноќевање.
Трети ден: 21.12.2024 година (сабота)-Рига-Талин
Појадок. Организиран трансфер со автобус до Талин. Пристигнување во попладневните часови. Сместување на групата во хотелот „Metropol“ 3* лоциран во непосредна близина на стариот дел од градот (https://www.metropol.ee/hotel/ ). Одмор од патувањето и слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот каде божиќниот пазар кој има примеси на бајка ќе се одржи на Плоштадот пред Градското Собрание. Ѕвездата на пазарот е новогодишната елка која има традиција уште од 1441 година, кога е за прв пат поставена на овој простор, а со тоа всушност е и првата новогодишна елка некогаш изложена во Европа. Ноќевање.
Четврти ден: 22.12.2024 година (недела)-Талин
Појадок. Заминуваме на организиран пешачки разглед на најдобро сочуваниот средновековен град во Европа. Главниот град на Естонија ќе ни овозможи незаборавно патување низ вековите бидејќи е своеводен музеј на отворено… Во стариот град кој е под заштита на Унеско се наоѓа најпознатата готичка градба-600 годинишната зграда на Градското Собрание која е најстарата зграда во цела Скандинавија. Исто толку години е стара и аптеката која од 1422 година без прекин работи на истото место; денес тука можете да купите современи лекови но и средновековни мелеми. На само неколку минути од главниот плоштад се наоѓа црквата „Sveti Olaf“ посветена на норвешкиот крал Olaf Втори, највисоката средновековна градба од 12. Век чија кула е висока повеќе од 123 метри и за време на советската влада се користела за набљудување. Разгледот на една од најубавите светски дестинации ќе го реализираме со лиценциран туристички водич, а потоа имаме слободно време за индивидуални прошетки. Уште една неверојатна вечер на отворено под новогодишни светилки. Локалните трговци ќе понудат специјалитети од естонската божиќна кујна, од црн пудинг и кисела зелка до топли божиќни пијалоци. Ноќевање.
Петти ден: 23.12.2024 година (понеделник)
Појадок. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Талин. Полетување за Рига во 08.55 часот, слетување во 09:45 часот по локално време. Летот за Софија е во 11.35 часот, пристигнување во Софија во 14.10 по локално време. Организиран трансфер со автобус од аеродромот во Софија до Скопје, односно Кавадарци. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 699 евра
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Во цената не се вклучени следните услуги:
Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 300 евра (18.600 денари) најдоцна до 30.август. Целосна доплата на аранжманот до 15.11.2024
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници