Положба
Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki, 7км од Side и 65км од аеродромот во Antalya.
Локација Royal Palace & Spa 5*~Side
Сместување
Вкупен број на соби 242. Стандардни соби (28m²; една спална соба и едно купатило, макс.2+1 лице), Економски соби (26m², една спална соба, едо купатило, Француски балкон, макс.2+1 лице), Swim Up соби (28m², една спална соба, едно купатило, директен пристап до бзен, макс.2 лица, деца не е дозволено), Фамилијарни соби (37m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица). Собите се со приватно купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај, сеф, LCD TV и сателитски програми, балкон или Француски балкон.
Услуга
Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, утрински ужини, ручек, попладне торта, колачи, закуски, вечера, закуска доцна навечер, бифе со диетална храна, бифе за деца, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цеден сок за појадок, сладолед за време на одредени часови, A ’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за престој во еден од нив, мини бар во собите. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, свежо цедени овошни сокови и сокови од зеленчук, увозен шампањ, наргиле, послуга во соба.
Содржина
Главен ресторан со шведска маса, два A’la Carte ресторани – Рибен, Ottoman, Интернационален, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење и сушење, шопинг зона, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, рент а кар, се доплаќаат. WI – FI интернет конекција во собите и во целиот хотел е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна плажа на 260 метри од хотелот, песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Бесплатен превоз достапен на секој половина час.
Спорт и Забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, Фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг се бесплатни. Масажа, SPA и центар за убавина, тениски терени и опрема на 100 метри од хотелот, билијард, сите спортови на вода се доплаќаат. Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, fun fair и мини клуб за деца од 04-12 години, игралиште за деца, мини диско навечер.
ЗАБЕЛЕШКА: ЗАЕДНИЧКИ ЗОНИ СО SIDE ROYAL LUXURY HOTEL & SPA – Надворешни базени, бар за закуски покрај базен, бар на плажа за закуски, Слаткарница, Амфитеатар, мини клуб, SPA зона, диско, A’la carte ресторани.