Location: LARA
Book Now!
s*vana

Локација: На површина од 70.000м2, отворен во мај  2017 год. Хотелот е оддалечен  17км од  центарот на градот Анталија, a од Анталија  меѓународниот аеродром е 15км.
Мапа: Hotel-Royal-Seginus-Lara
Сместување: Вкупно 498 соби: 349 Супериор стандардни соби, 5 соби за хедникепирани лица, 80 дуплекс фамилијарни  соби, 48 фамилијарна соба,8 јуниор апартмани, 8 делукс апартмани.
Услуга: UAI – ултра се вклучено-шведска маса за појадок, ручек, вечера, а помеѓу оброците има отворено бифе со ладни јадења.Сите локални и некои алкохолни пијалоци се сервираат за ручек и вечера. Алакарт ресторани на располагање се : ресторан со морска храна, италијански, турски, суши и мексикански ресторан.
Плажа: Хотелска песочна плажа , лежалки, чадори за сонце, пешкири за на плажа се бесплатnно.
Содржини: На гостите кои би сакале да уживаат во своето време со пливање, го нудиме нашиот загреан затворен базен во ладни зимски месеци, затворен детски базен, загреан отворен базен и затворен базен достапен помеѓу 01.11. – 31.03. Детски клуб,цртање на лице, рачна работа, мини кошарка, мини диско. Ноќни активности: Шоу програма со професионални танци,музички емисии, натпревари, диско.
Спорт и забава: Тимот на професионалци за анимација и забава е задолжен целодневно да ги анимира гостите. Дневните анимации се : утринска гимнастика, курсеви за танц, аеробик, маси за пинг понг, одбојка на плажа, гимнастика во базен, најразлични видови на игри, пикадо, мал фудбал. Амфитеатарот е со капацитет од 1000луѓе и постојано  е на располагање со најразлични видови на забава  во вечерните часови..Вечерна  забавна програма: професионални балетски претстави, како и музички емисии.

Спа и велнес ценатар: Ќе ви овозможи да се релаксирате и да го освежите вашето тело и ум. Постои широк спектар на третмани достапни од турска бања до тајландски масажи. Индонезиски Бали третман со нежно притискање на енергетските точки на телата за да ја балансираат својата енергија. Масерите користат природно масло за да помогнат вашата кожа да се релаксира и да се чувствува ревитализирана, кога ќе заминете, ќе се чувствувате опуштено и смирено. Бесплатно: турска бања,сауна, парна бања, Jaccuzi (само во зимска сезона),релакс соба. Со доплата:третман со капсули,масажа, нега на кожа, третмани за тело.



Во цената е вклучено:

* Чартер лет Скопје – Анталија – Скопје
* Аеродромски такси
* Хотелско сместување – услуга: Ultra All Inclusive
* Трансфер аеродром – хотел – аеродром

 Услови за деца :
* Деца од 0-2 год – Бесплатно
* Деца од 2-12год. плаќа само авионски билет ( или и хотел , во зависност од хотелот и типот на собата )

 КОНКРЕТНИ ИНФОРМАЦИИ И КАЛКУЛАЦИИ ЗА АРАНЖМАНОТ ПОБАРАЈТЕ ВО НАШАТА АГЕНЦИЈА ИЛИ НА (INFO@WE.COM.MK )