Нова Година 2025 во СОКОБАЊА
Програма на патување: 31.12.2024 – 02.01.2025
Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртањ на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл. Природни и лековити фактори во Сокобања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал
Хотелот Бањица се наоѓа во мирниот дел на Соко Бања, во близина на бањскиот парк и атрактивните пешачки стази на почетокот на кањонот на реката Моравица и на 15мин.пешачење до центарот на Сокобања.
31.12.2024 (Вторник) Скопје-Сокобања
Состанок на групата на паркингот на ВИП Хотел во 05.30часот. Поаѓање за Сокобања во 06.00часот. Се патува преку Табановце со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања. Сместување во Хотел Бањица , кој е сместен во прекрасна борова шума, на 15мин пешачење до цантарот. Слободно време. Прошетка низ поширокиот центар на Сокобања (Милошев конак, турско купатило, црквата Св.Преображение..). Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за одмор. Вечерта дочек на Новата Година во Хотел Бањица, со забавна музичка програма и богато мени. Ноќевање.
01.01.2025-(Среда) Сокобања
Појадок. Организирано дружење во центарот на Соко бања (“Башта отвореног срца”). Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности или можност за посета на термалните базени во Соко Терме. Вечерта организирана свечена вечера во хотелот со. Ноќевање.
02.01.2025-(Четврток)-Сокобања-Скопје
Поајадок. Во 10.00час одјавување од собите. Слободно време за индивидуални активности. Во 12.00час. поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Македонија во доцните попладневни часови.
Хотел Бањица- ПРОМО ЦЕНА : 279 евра по лице
РЕДОВНА ЦЕНА : 299 евра по лице
Цената на аранжманот вклучува:
Цената на аранжманот не вклучува:
Мени за свечена вечера:
Попусти:
Напомена: