Базел-Стразбур-Колмар-Цирих
28.11.2024 / Авион 4 дена /3 ноќевања
28.11 ЧетвртокСКОПЈЕ – БАЗЕЛ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:40 часот. Полетување за Базел во 06:40 часот и пристигнување во 09:05 часот. Трансфер до Базел, каде што следува разглед на градот: Катедралата на Мунстерплатц, градското собрание, стариот град, фонтаната Тангели – Брунен, кејот на реката Рајна, портата Спалентор…Сместување во хотелот. Вечерна прошетка. Во срцето на градот, Божиќните базари го исполнуваат воздухот со неодоливиот мирис на варено вино и божиќни колачиња. Враќање во хотел. Ноќевање.
29.11 Петок БАЗЕЛ – СТРАЗБУР
Појадок. Целодневен факултативен излет во Стразбур: Пристигнување во центарот, од каде почнува разглед на градот: седиштата на Европскиот совет, Европскиот Парламент, Меѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот дел на градот: Катедралата Нотр Дам во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, Плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот познат и како мала Франција е најсликовитиот дел на Стразбур кој изобилува со шарени градби од дрво градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Слободно време за прошетка низ Божиќниот базар во Стразбур или „Christkindelsmärik“, кој ја има честа да биде еден од најстарите божиќни базари во Европа, чие потекло датира од 1570 година. Совршено го отелотворува Божиќниот дух во регионот на Алзас, Франција. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Базел. Ноќевање.
30.11 Сабота АЛЗАС: Риквир и Колмар
Појадок. Целодневен факултативен излет во Алзас: Посета на Риквир e едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милион туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Посета на винарија и можност за дегустација на вино. Слободно време. За време на Божиќ, градот преплавува со светлина и нуди традиционален божиќен базар во магичен амбиент кој го комбинира божиќниот дух со сè што го прави Алзас толку шармантен: улици украсени со блескави украси, осветлени фасади и споменици… овој радосен шум потсетува на светот на детството, полн со спомени и емоции… Не пропуштајте да пробате од традиционалните превкусни бисквит колачиња кои се продаваат на секое ќоше. Патувањето продолжува кон Колмар, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани… Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот дел на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден, како и шесте божиќни базари во Колмар кои зрачат со топлина и привлечна атмосфера, секој со своја посебна тема, маркетите ќе ве обвијат во магијата на Божиќниот дух која гарантирано ќе ги воодушеви и младите и старите. Враќање во Базел. Ноќевање.
01.12 Недела БАЗЕЛ – ЦИРИХ – БАЗЕЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативен разглед на Цирих, најголем град по број на население и по површина, најголем банкарски центар, најпознатиот универзитет, најголемиот аеродром и железничка станица… Културно историските споменици се сконцентрирани во историското јадро на градот, околу реката и езерскиот брег, меѓу кои се и Швајцарскиот национален музеј, Националниот театар, Уметничкиот музеј и прошетка по Bahnhofstrasse, една од најпознатите трговски улици во светот… Цирих е веќе еден од најубавите градови во Европа – па замислете што се случува кога ќе додадете блескави светла, огромно дрво направено од Сваровски кристали и слатки дрвени тезги низ центарот на градот. Факултативна посета на Линдт – најголемата швајцарска компанија за производство на чоколади и слатки, основана во 1845 година и позната по своите чоколадни тартуфи и чоколадни плочки. Се наоѓа во Килхберг, каде што е нејзината главна фабрика и музеј. Трансфер до аеродромот во Базел. Полетување за Скопје во 21:05 часот и слетување во 23:15 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 599 €
15% ПОПУСТ ЗА ДЕТЕ ДО 12 год: 459 €
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ: