THE RAGA SIDE – 5* – KUMKOY- SIDE (+16)
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy, на 1км од Сиде и 4км од Манавгат и 60км од аеродромот во Анталија.
Локација : The Raga 5*~Side
Сместување
Вкупен број на соби 207 во главна зграда и во зграда на плажа. Стандардни соби (27m², една спална соба со брачен кревет+единечен кревет, едно купатило, макс.3 лица), Суит соби (40-57m², една спална соба, една дневна соба без врата која ги поврзува, едно купатило, макс.4лица). Стандардни соби во зграда на плажа (како стандардните соби само со директен поглед на море во зградата на плажа, макс.3лица). Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), сеф, LCD телевизор со сателитски програми и музички канали, ламинатен под, балкон.
Услуга
Ultra all inclusive – Fine Dining – сите пијалоци се служат 24 часа на ден и сите барови имаат различни мени листи, свежо цеден сок за појадок, сите безалкохолни пијалоци освен енергетски пијалоци, различни видови на топли и ладни чаеви и кафиња, локални и увозни и исто така ‘’долги,, алкохолни пијалоци. Во главниот ресторан послугата е со келнер, и храната се приготвува по барање, има место за салата. Дрес код е задолжителен за време на вечерата. A’La Carte ресторани се со претходна резервација и еднаш за време на престојот, бар за закуски на плажа од 10.00 – 17.00 часот. Свежо цедени сокови во Vitamin bar се доплаќаат.
Содржина
Главен ресторан во кој се приготвуваат исти оброци како во A’la Carte рестораните, A’la Carte ресторани- Sun & Fish – Рибен ресторан, La Vita – Италијанска кујна, лоби бар, бар на плажа и покрај базен, бар во диско. Доктор, бебиситер, услуга за перење, фризер, телефон, факс, шопинг зона, изнајмување на автомобил се доплаќаат. WI – FI интернет конекција во општите зони е бесплатна.
Плажа
Хотелска плажа, на 120 метри од хотелот, песчна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Спорт и Забава
Внатрешни и надворешни базени за возрасни, фитнес центар, одбојка на плажа, пинг понг, пикадо, гимнастика, сауна, Турска бања, соба со пареа. Се доплаќаат: спортови на вода, SPA и Wellness центар и масажа. Лесни забавни програми во текот на денот и навечер.