Book Now!

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кизилот, оддалечен 80км од аеродромот во Анталија и 15км од Манавгат.

Локација : Throne Beach Resort & Spa 5*~Side

Сместување
Вкупен број на соби 313. Стандардни соби (28м², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет и софа, купатило, максимум 2+2 лица), Фамилијарни соби (40м², една голема соба со еден француски кревет + 2 единечни кревети, купатило, максимум 4 лица), Супериор фамилијарни соби (40м², две спални соби, купатило, максимум 4 лица). Сите соби се опремени со купатло со када, фен, клима уред, телефон, мини бар (вода и минерална вода при доаѓање), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга
Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна торта, чај, кафе, вечера и полноќна супа, сите локални и безалкохолни пијалоци до 00.00 часот, бар на плажа од 10.00-17.00 часот, сладолед во едредени часови од денот. Не е вклучено: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, собна услуга, турско кафе, A’la Carte ресторани со предходна резервација и дополнителна доплата, пијалоци во диско клубот.

Содржина
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Ottoman – Турска кујна, Piccante – Медитеранска кујна, бар во лоби, бар покрај базен и на плажа, диско клуб. Со доплата: доктор, перална, чување на деца, фризер, телефон, интернет кафе, комјутерски игри, шопинг центар, изнајмување на автомобил. WI-FI интернет конекција во лоби и ареата околу базенот.

Плажа
Хотелска приватна плажа, со песок и ситни камчиња, пат од хотелот до плажата со тунел под патот. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни.

Спорт и Забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, две лизгалки на вода, Турска бања, сауна, парна бања, фитнес центар, пинг-понг, одбојка на плажа. Со доплата: масажа, водени спортови, спа центар. Забавни програми во текот на денот и вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 години со дневни програми и мини диско во вечерните часови.