Хотел THRONE SEAGATE BELEK 4*
Положба
Хотелот е лоциран во областа Богазкент, 45км од аеродромот во Анталија и 40км од центарот на Анталија.
Локација : Throne Seagate 4*~Belek
Сместување
Вкупен број на 235.
Стандардни соби
(22м², Макс.2+1 лице)-една спална и едно купатило,
Големи соби
(28м², Макс.3+1 лице)-една голема соба и едно купатило, три соби за гости со посебни потреби.
Сите соби се со купатило со када и туш, фен, сплит клима уред, телефон, сеф ( се наплаќа), мини бар (вода и сокови само пред пристигнување), сателитска ТВ и музички канали, ламинат на подот и балкон.
Услуга
Ултра Се вклучено- шведска маса за појадок, доцен појадок, ужинки во предпладневните часови, ручек, попладневни ужинки, вечера и полноќна ужинка, сите домашни и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови. Специјалните увозни пијалоци, свежо цеден сок, специјални вина, сите флаширани пијалоци, A’la Carte ресторани дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан-шведска маса, A’la Carte ресторан-Италијански и рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, фризер, чување деца, перална, телефон, факс, интернет, продавници, rent a car, дополнително се наплатуваат. Бесплатен Wi-Fi интернет во лоби барот.
Плажа
Хотелска приватна плажа, песочна. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.
Спорт и забавa
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг, тениски игралишта. Водените спортови, Wellness центарот, билијард, осветлувањето на тениските терени дополнително се наплатува. Забавна програма преку ден и шоу програм навечер. Мини клуб за деца.