*СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИАЈА*
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
08 октомври (недела) СКОПЈЕ – БОЛОЊА – ФИРЕНЦА
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 11.00 часот. Авионот за Болоња на Визер полетува во 13.05 часот. Слетување во Болоња во 14.50 часот. Трансфер до Фиренца и сместување во хотел. Прошетка во главниот град и срцето на регионот Тоскана – Фиренца, еден од најпосетените градови во светот кој за италијаните, но и за целиот западен свет има огромно историско, културно, образовно и уметничко значење. Овој град се смета и за колевка на ренесансата, во него живееле и создавале многу уметници од XV и XVI век: Брунолески, Ботичели, Рафаел, Леонардо, Микеланџело… Можност за посета на Галерија Уфици, една од најголемите и најстарите во светот. Ноќевање.
09 октомври (понеделник) ФИРЕНЦА – ПИЗА
Појадок. Разглед на градот со локален водич: плоштадот Санта Марија Новела, Базиликата Сан Лоренцо, дворецот Медичи-Рикарди, Катедралата Дуомо – вистинско ремек дело на ренесансната архитектура и главна туристичка атракција на Тоскана, Плоштадот Сињорија, палатата Пити, Понте Векио најстариот сочуван средновековен мост на реката Арно-покриен и распослан со златарници и продавници за сувенири… Слободно време да седнете на ручек во ресторан на некој плоштад, да пробате традиционален Фирентонски стек и да се засладите со десертно вино во кое ќе натопувате cantuccini- класични тоскански колачи со бадеми. Потоа, факултативен излет до Пиза, дом на познатиот математичар и физичар Галилео Галилеј. Најголемата атракција во Пиза е секако полето на чудата каде се наоѓаат: катедралата (Cattedrale di Pisa), гробиштата на Светците (Campo Santo) и кривата кула од Пиза (Torre di Pisa) висока 56 метри – всушност камбанаријата на катедралата, која иако било планирано да стои вертикално, поради лошите темели и слабата почва, се накривила. Со својата светски прочуена накривеност, кулата привлекува стотици илјади туристи годишно. Враќање во Фиренца. Ноќевање.
10 октомври (вторник) ФИРЕНЦА – САН ЏИМИЊАНО – ВИНАРИЈА “San Donato”- СИЕНА – ФИРЕНЦА
Појадок. Целодневен излет во живописните предели на областа Кјанти, светски познати по производството на врвни вина. Пристигнување во Сан Џимињано, типично тосканско гратче опкружено со винови насади и маслинови градини. По пристигнувањето во “градот на прекрасните кули”, мало утврдено средновековно гратче на ридот, познато по својата архитектура, а особено по кулите кои се гледаат од километри. Градот е познат и по белото вино Vernaccia di San Gimignano, кое се добива само од винови лози кои растат во околината и најдобриот сладолед во светот што можете да го најдете во Gelateria Dondoli. Потоа, патувањето продолжува кон Сиена со попатна посета на винарија – дегустација на вино, закуска и можност да се купи маслиново масло и вино по пристапна цена. Пристигнување во Сиена. Главна карактеристика на градот е нејзиниот средновековен изглед, што ја прави магична и посебна, горд сопственик на еден од најубавите европски средновековни плоштади Ил Кампо, направен во облик на школка, а опкружен со палати на богати семејства од Сиена (palazzi signorili). Во целиот свет познат по својата уникатна архитектура и традиција за најголемата забава со луди коњски трки Палио, која се одржува два пати годишно. Разглед на градот: Катедралата Сиена, Палатата Публико, кулата Мангија… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Враќање во Фиренца. Ноќевање.
11 октомври (среда) ФИРЕНЦА – БОЛОЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување кон Болоња. Во Италија се вели дека Болоња е „la dotta, la rossa e la grassa“, што би значело „црвена, учена и дебела“. “Црвена“ поради бојата на циглите на зградите и улиците, “учена“ односно образована, во чест на нејзиниот универзитет прв во Европа и “дебела“ поради неодоливите гастрономски производи. Прошетка во градот: плоштадот Маџоре, Катедралата Св. Петар најпознатата и најграндиозна црква во Болоња, фонтаната на Нептун, двете кули Garisenda и Asinelli кои претставуваат симбол на градот… Трансфер до аеродромот во Болоња. Летот кон Скопје е во 15.40 часот. Пристинување во 17.25 часот.
За уплата до 07 Септември : 529 евра
Цена на аранжманот: 579 евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Напомена: