Виена Божиќен базар
Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања
*СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА*
09. Декември (Сабота) СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА – ВИЕНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 08:30 часот. Полетување за Братислава во 10:25 и слетување во 12:00 часот. Разглед на Братислава. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Разгледот продолжува кон старото градско јадро: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Михалската порта, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Слободно време за кафе пауза и ручек. Трансфер од Братислава до Виена (80 km) и сместување во хотел. Ноќевање.
10. Декември (Недела) ВИЕНА
Појадок. Панорамски разглед на Виена: Дворецот Белведере изграден од Еуген Савојски, обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта… Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан симбол на градот и државата, Дворецот Хофбург којбил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резеденција на австрискиот претседател… Посета на божиќниот Базар, да се осети празничната магија со мирисот на ароматичните пекарски производи, печени бадеми, слатки и топли пијалоци за загревање. Рингишпил и забавни работилници за деца, божиќни подароци, весела музика. Ноќевање.
11. Декември (Понеделник) ВИЕНА
Појадок.Организирана прошетка низ центарот на Виена со придружник. Слободнo време за шопинг по познатата улица Mariahilferstrasse, посета на некое од виенските кафулиња и уживање во “melange” кафе и Сахер торта или посета на ресторан и можност да се проба “вистинската”виенска шницла и Пилснер пиво. Не го пропуштајте божиќниот базар! Ноќевање.
12. Декември (Вторник) ВИЕНА -СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до Братислава. Полетување за Скопје во 12:30 и слетување во 14:00 часот.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 599 евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ: