Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки низ Врњачка Бања. Време предвидено за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.
10.12.2023 (Недела)ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Ноќевање.
11.12.2023 (Понеделник) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот – 179€
ПРОМО ЦЕНА за комплетна уплата при резервација – 159€
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.
Цена по лице за најмалку 2 лица во соба.
Во цената на аранжманот е вклучено :
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел Фонтана 4* во центарот на Врњачка Бања во СУПЕРИОР соби
– Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
– Исхрана на база 3 ноќевања со поjaдок, можност за доплата за вечера 12 евра по лице од ноќ
– Секојдневно користење на Велнес и Спа центар
– Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби;
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено :
– Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
– Доплата за туристичка такса 5€/310ден вкупно за 3 ноќи ( доплата во агенција )
– Факултативна посета на манастирот Жица 5€ ( доплата на лице место )
– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден на цената на аранжманот
Попусти и опционални доплати :
– Намалување за сопствен превоз -20€ ( доколку има места )
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на Ви Травел .