Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица… Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќнaта магија. Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувство на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греaно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Вечерта, дочек на Новата Година на плоштадот. Ноќевање.
31.12.2024 (Вторник) ЗАГРЕБ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Вечерта, дочек на Новата Година на плоштадот. Ноќевање.