1 Ден 29.12 Петок СКОПЈЕ–ЗАГРЕБ
Состанок со групата на паркингот пред хотел “Holiday Inn” во 19.30 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.
2 Ден 30.12 Сабота ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица… Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќнaта магија. Можност да си купите “licitar” – црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска, денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење. Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувство на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греaно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Ноќевање.
3 Ден 31.12 Недела ЗАГРЕБ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Вечерта, дочек на Новата Година на плоштадот. Ноќевање.
4 Ден 01.01 Понеделник ЗАГРЕБ-ЉУБЉАНА–ЗАГРЕБ
Појадок. Факултативна посета на Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб и поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ: