Добредојовте во рајот! Патување кое гарантираме дека ќе го памтите до крајот на животот!
Скопје – Истанбул – Stone Town – Кендва (Kendwa) – Занзибар – Истанбул – Скопје
Ден 1
Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред лет. Утрински лет од Скопје за Истанбул. Пристигнување во Истанбул и конекција на лет за Занзибар во попладневните часови.
Ден 2
Пристигнување во Стоун Таун (Stone Town) во утринските часови (околу 03:00 часот наутро), по што следи трансфер до сместувањето. Во хотелот ја плаќаме и претходната ноќ, што значи дека веднаш по доаѓање во хотел, можеме да влеземе во собите. Одмараме, се освежуваме, појадуваме, па се сретнуваме со нашиот претставник и го одржуваме информативниот состанок. Нашиот претставник ни ја раскажува програмата и ни кажува технички работи кои би требале да ги знаеме на патувањето (каде да смениме пари, каде да пазариме, каде има најдобро јадење, каде и кога има добра забава итн.) Потоа, заминуваме на нашиот прв излет, со цел да го отвориме ова патување со плажа и пливање, како што ни доликува… Одиме на Накупенда! Накупенда е песочен насип кој се наоѓа отприлика 25мин. возење со чамец од пристаништето во Stone Town. Околу 2000 метри квадратни песочен рај, опколени со корален гребен и најтиркизниот Индиски океан, без ниедно ресторанче, кафана, или било што друго на нив, како на филм… Далеку сме од масовниот туризам на Европа, далеку од гужви, нема големи бродови и илјадници туристи. Го имаме целиот остров само за нас. Дечкото кој го вози чамецот забива 4 дрвени колци во песокот и врз нив става шаторско крило за сенка. Пиеме пиво, слушаме музика и се капеме во најубавата вода што некогаш ја имате видено. Вечерта излегуваме во некои од локалните клубови. Пазиме колку пиеме бидејќи веќе од следниот ден ни почнува незаборавна авантура, исполнета со многу плажа, пливање и нови искуства!
Ден 3
Претпладне одиме на факултативен излет разгледување на Stone Town и истражување на најинтересните атракции – куќата во која живеел Фреди Меркјури (Freddie Mercury), мали и живи улички и плоштади, Старата тврдина, Палатата на чудата, музеи, локални пазари, звуците, боите и мирисите на Африка! Се чувствуваме како да сме дел од National Geographic документарец, а не на одмор… Името Stone Town на свахили значи: “Стар Град”. Градот се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО од 2000-тата година. По Stone Town, одиме на Prison Island, остров кој се наоѓа северно од градот, а името го добил по местото каде што некогаш се држеле заробеници и робови. Денес ова е мирно место каде ќе уживаме во пливање и дружење со џиновски желки кои се пренесени на ова место во 19-тиот век од Сејшелите. Некои желки се стари преку 100 години, а ние ќе имаме прилика да ги храниме и галиме. Бидејќи Накупенда, каде што бевме и претходниот ден, е “искутво“ кое мора и ќе сакате да се повтори, од Prison Island, повторно се упатуваме на оваа магична песочна дина. Овој ден, постои можност да правиме “скара“ на Накупенда и да ручаме морски плодови и највкусен органски “помфрит“. Ручекот го договараме со нашиот претставник на дестинацијата. Го чекаме зајдисонцето. На враќање, патот ни го осветлува месечината, а ние уживаме во свежиот тропски ветер. Совршен ден на Занзибар! Враќање во сместувањето.
Ден 4
Уште еден ден посветен за запознавање со природните убавини на овој неверојатен остров. Одиме во џунглата со зачини! Занзибар во светот е познат и како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку џунгли или градини со зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата градина и ќе се запознаеме со многу зачини кои Занзибарците ги користат во своите домаќинства. Ќе видиме како расте и како изгледа мускатниот орев, како се одгледува и користи циметот, ванилата, ѓумбирот, куркумата и бројни други зачини. Потоа го посетуваме селото Паџе (Paje) – традиционално Африканско место, куќи од камен, училишта, фризерници, пекари и вулканизери какви не сте виделе никогаш во животот. Паџе e центарот на Источен Занзибар, со десетици клубови на плажа, ресторани, добра музика и добра храна, која на некој начин, многу луѓе ги потсетува на Тулум, Мексико. Паџе е и едно од најпознатите места во светот за кајтсурф (kite surf). Дружење, пиење коктели, неверојатна храна, сончање и уживање. Враќање во сместувањето.
Ден 5
Денот ни започнува со нова авантура наречена Blue Safari. На овој факултативен и излет ги посетуваме најубавите плажи на островот и одиме на нуркање. Се возиме со традиционални едрилици кои се карактеристични за овој остров. Посетуваме песочни насипи кои исчезнуваат кога ќе си поиграат плимата и осеката. По факултативниот излет трансфер до Нунгви/Кендва (Nungwi/Kendwa). Едно од најпопуларните туристички места на Занзибар бидејќи се наоѓа на најубавиот брег на овој остров. Слободен ден за уживање на плажа.
Важна напомена: За сите патници кои нема да одат на излетот Blue Safari, ќе биде организиран индивидуален трансфер до Кендва, во договор со водичот.
Ден 6
Релаксирачки ден, создаден за потполно уживање во океанот, коктелите и локалната храна. Започнуваме со пливање во познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon) додека се дружиме со најразлчни шарени морски риби и морски ѕвезди. Потоа продолжуваме до ресторанот The Rock. Пристигнуваме во светски познатиот, а воедно и најпознат ресторан на Занзибар. Стара рибарска карпа, која од 2010-тата година претставува неизбежно место на кое доаѓаат сите посетители на Занзибар. Денот го завршуваме во “најлабавиот“ и интересниот дел од целиот излет – Kae Funk. Beach Bar во кој според многу луѓе ја има највкусната храна на Занзибар, најдобрата музика и неверојатно вкусни коктели. Има огромни лежалки, места за чил и опуштање. Некаде пред зајдисонце, на самата плажа се пали оган, а во beach bar-от почнува програма, која во овој момент нема да Ви ја откриеме 😉
Ден 7
По појадокот, одиме на малиот Занзибарски рај! Тиркизна вода која не може да се спореди со ниедна друга на светот, снежно бел песок и бујна зелена вегетација! Островот Мнемба од неодамна е прогласен за морски резерват, корален атол опкружен со гребени и кристално чистиот Индиски океан. Претставува најпопуларно место за нуркање, со големи живописни корали, како и дом на многубројни подводни желки и делфини. Одиме во авантура на која ќе го истражуваме најинтересниот подводен свет на Занзибар. Враќање во сместувањето и слободно време. Вечерно излегување во некои од баровите во Кендва.
Ден 8
Овој ден одиме во посета на основно училиште на Занзибар каде ќе се запознаеме со нивниот образовен систем, ќе имаме шанса да се фотографираме со дечињата, но и да донираме работи кои секако ќе им бидат од огромно значење. Искуство кое никогаш нема да го заборавите! Потоа продолжуваме со разгледување на “селцето”, па имаме слободно време да се плажираме. Ноќевање.
Ден 9 / 10
Слободно време за уживање во магијата на тропскиот остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерни излегување во некои од beach баровите. За оние кои се расположени за авантура, има можност за тридневен факултативен излет – сафари во националниот парк Mikumi кој се наоѓа на копнениот дел од Танзанија (Tanzania). Mikumi е четврт по големина национален парк во Танзанија (Tanzania). Одалечен е 300 километри од Дар ес Салам (Dar es Salam). Овој национален парк е природно живеалиште на многу жирафи, зебри, слонови, гнуа, леопарди, нилски коњи, хиени, крокодили и лавови.
Ден 11
Лет од Занзибар до Истанбул. Пристигнување во Истанбул. Преседнување на вечерниот лет за Скопје. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето.
Термин 13.10.2023
11 Дена / 8 ноќевања
Редовна цена – 1499 евра
Што е вклучено
Сместување : Mocco Beach Villa Пример 8 ноќи
Не е вклучено
Занзибар Special edition – пакет излети Цена: 160,00 USD
2. Мнемба
Добредојдовте на малиот Занзибарски рај! Тиркизна вода која не може да се спореди со ниедна друга на светот, снежно бел песок и бујна зелена вегетација! Островот Мнемба од неодамна е прогласен за морски резерват, корален атол опкружен со гребени и кристално чистиот Индиски океан. Претставува најпопуларно место за нуркање, со големи живописни корали, како и дом на многубројни подводни желки и делфини. Одиме во авантура на која ќе го истражуваме најинтересниот подводен свет на Занзибар. Вклучено е: организиран превоз по предвидениот план и програма, услуга преставник на агенцијата.
Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 45$
3. Џунгла со зачини, Blue Lagoon, Kae Funk, Ресторан The Rock
Одиме на авантура во џунглата со зачини. Занзибар во светот е познат и како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку џунгли или градини со зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата градина и ќе се запознаеме со многу зачини кои Занзибарците ги користат во своите домаќинства. Ќе видиме како расте и како изгледа мускатниот орев, како се одгледува и користи циметот, ванилата, ѓумбирот, куркумата и бројни други зачини. Ќе ја помирисаме главната состојка на Chanel no. 5 парфемот и ќе ја видиме Занзибарската верзија. Ќе дознаеме која е разликата измеѓу црниот, белиот и црвениот бибер и ќе видиме како расте кафе на Занзибар. Дегустираме различни тропски овошја, а ќе видиме и како локалците берат кокос на неверојатно високите палми. Гледаме како растат каранфилчиња и зошто се толку важни за Занзибар..
Овој релаксирачки ден продолжува во истиот ритам, создаден за потполно уживање во океанот, коктелите и локалната храна. Одиме на авантура каде пливаме во познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon) додека се дружиме со најразлчни шарени морски риби и морски ѕвезди. Потоа продолжуваме до ресторанот The Rock, кој се наоѓа на Michamwi Pinge плажата. Пристигнуваме во светски познатиот, а воедно и најпознат ресторан на Занзибар. Стара рибарска карпа, која од 2010-тата година претставува неизбежно место на кое доаѓаат сите посетители на Занзибар. Уживаме во локалната кујна, морските плодови и секако, локалното вино, кое се служи овде. Од терасата гледаме во далечината, каде се шири Индискиот океан. Чист хедонизам. По ручекот и фотографирање со карпата, продолжуваме кон еден од многуте занзибарски beach bar-ови, Kae Funk. Уживаме целото попладне во капење и пиење коктели на самиот брег.
Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 70$
ЦЕНА НА СИТЕ ИЗЛЕТИ ЗАЕДНО ВО ПАКЕТ (БЕЗ САФАРИ ВО НП МИКУМИ): 160$