Duration: 05 Mar 2027 - 10 Mar 2027
Price: 389€Промо цена : 359€
Book Now!
нех


1 ден  05.03.2027 • Скопје – Драч – Бари – Рим

Состанок на групата во 09.00ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски..Се патува преку Косово. Сместување на брод. Бродот испловува во  22:30ч. Ноќно возење кон Бари.

2 ден  06.03.2027 • Бари – Помпеја – Неапол – Рим

Пристигнување во Бари во 08.00.  Продолжуваме кон  Рим, предлагаме факултативна посета на античкиот град Помпеја кој бил комплетно уништен и затрупан под пепел по катастрофалната ерупција на вулканот Везув во 79 г. Потоа одиме на прошетка низ Неапол :Плоштадите Данте и Белини. Пристигнување во Рим во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден  07.03.2027 • Рим – Тиволи 

Појадок. Предпладне предлагаме разглед на Рим со локален стручен водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Фонтана Ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот… Потоа предлагаме прекрасен факултативен излет доТиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте.  Враќање во Рим. Слободно попладне за ручек, кафе и индивидуални активности…. Ноќевање.

4 ден 08.03.2027 • Рим – Ватикан – Rome By Night

Појадок. Предпладне  посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. Слободно време за индивидуални прошетки и активности во центарот на Рим…  Предлагаме и вечерна прошетка Roma by night ( панорамска со автобус).. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден  09.03.2027 • Рим – Арбелобело – Бари

Појадок. Одјавување од хотел.  Заминуваме на  факултативна посета на Арбелобело. Во самото срце на Пулија, се наоѓа сликовитото гратче Алберобело, познато по карактеристичните бели куќички со конусни кровови, познати како трули, заштитен знак на Арбелобело но и на целата регија… куќи направени од варовник со кровови во облик на купа и целото село потсетува на селото на Штрумфовите. Со својата единствена и уникатна архитектура Алберобело се наоѓа на листат на УНЕСКО. Куќите се градени на начин да можат многу брзо да се демонтираат за да се избегне феудалниот порез… кога кралевите порезници ќе заминат, преку ноќ се граделе нови куќички. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договор со водичот заминуваме кон Бари. Следи процедура за качување на брод. Ноќно пловење

6 ден 10.03.2027 • Скопје

Пристигнување во Драч во претпладневните часови. Патувањето продолжува кон Македонија. Очекувано пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните/вечерните часови часови.


Промотивна цена на аранжманот за резервации до 15.12.2026:  359€ / 22.260 ден.

Редовна цена на аранжманот:  389€ / 24.120 ден.


Аранжманот вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје - Драч – Рим - Драч - Скопје
  • Превоз со брод на релација Драч - Бари - Драч (седиште на брод)
  • 3 ноќевања во хотел 3* НП во Рим
  • Посета на Неапол
  • Организација и водство на програмата
  • Лиценциран туристички придружник

Не е вклучено

  • Задолжително патничко осигурување 350 денари (цената важи за лица до 65 години)
  • Разглед на Рим со локален водич - 30€
  • Посета на Помпеа со влезница и водич - 50 €
  • Излет "Rome by night" - 20€
  • Посета на Ватикан (резервација, превоз, водич, влезница,слушалки) - 60€ (задолжителна резервација при уплата и уплата во агенција)
  • Излет Тиволи ( превоз, водич, влезница) - 60€
  • Задолжителна посета на Алберобело - 30€
  • Доплата за бродска кабина Драч - Бари - Драч(два правци) доколку има слободен капацитет во моментот на резервација - 50 €
  • Туристичка такса Рим 8€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
  • Доплата за еднокреветна соба – 5.500 ден
  • Доплата за избор на седиште во автобус - 20€
  • Доплата на дополнително седиште - 150€

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.