We Travel Macedonia е туристичка агенција со лиценца „А“, тимот кој ја формираше и стои зад името е со долгогодишно работно искуство во областа на туризмот кој има високи цели за подигање на нивото на услугата, туризмот и посветеноста.
Поради динамиката која ја создаваме во We Travel создаваме можност и простор за надградба, обука и кариера во оваа област.
We Travel Macedonia преферира креативни, професионални, динамични и посветени млади луѓе кои се гледаат во светот на туризмот, кои сакаат да патуваат, кои се комуникативни и сакаат да работат со луѓе.
Отворена работна позиција во Штип, туристички работник,
отворен оглас до 24.04.2026
Опис на работното место:
- Прецизно информирање на клиентите за нашите туристички понуди и аранжмани.
- Резервација и продажба на туристички аранжмани
- Обработка на барањата на клиентите
- Комуникација со деловните соработници
- Придонесување за зголемување на продажбата и осмислување на нови продукти.
Услови:
- Пожелно е работно искуство во директна продажба и работа со клиенти
- Предност имаат кандидатите со завршено високо образование од областа на туризмот или со работно искуство во туристичка агенција
- Познавање на англиски јазик ( знаење на повеќе странски јазици ќе се смета за предност)
- Добро познавање на работа со компјутер и социјални мрежи.
Способности:
- Одлични комуникациски, преговарачки и организациски вештини
- Ориентираност кон клиенти
- Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
- Способност за работа со поставени таргети
- Работа под Притисок и термини
- Тимска работа
Ви нудиме:
- Пријатно работно опкружување
- Брз професионален развој и напредок во кариерата
- Бесплатни курсеви и обука
- Сигурна и навремена плата
- Премии и награди
Ако сте заинтересирани за работа во нашата туристичка агенција, Ве молиме испратете ваша биографија (CV) со слика на daniela@we.com.mk. Со испраќањето на биографијата кандидатот дава согласност на компанијата неговите лични податоци да ги користи во постапката за селекција на кандидатите во согласност со Законот за заштита на личните податоци. За сите останати прашања +38978419995 viktor@we.com.mk
