04.09.2026 - 07.09.2026
Состанок на групата на аеродромот во Скопје мин. 2 часа пред летот. Директен лет за Истанбул во 11:15 часот. Пристигнување во Истанбул во 13:40 часот.Органииран трансфер со автобус и посета на Таксим Плоштадот, Истиклал улицата и Галата Кулата. Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организиран разглед на Истанбул со посета на Долма Бахче Палата, престој 1 час (влезницата се плаќа). Разгледот продолжува со преминување на азиската страна на Истанбул и посета на плоштадот Ускудар, Моминската Кула, населбата Кузгунџук, позната по колоритните куќи од турските серии и ридот Чамлиџа. Враќање во хотел. Вечерта, ноќно крстарење по Босфор, со вечера, неограничени пијалоци и традиционални и модерни турски претстави (влез 45 € – престој 3 часа). Враќање и сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Поаѓање кон Еминону – бродската станица за крстарење по Босфор. Двочасовно крстарење со брод кон Црното Море, со поглед на крајбрежјето на Истанбул, Европа и Азија од бродот (влез 15 € – престој 2 часа). Поаѓање кон палатата Топкапи - зимскиот дворец на султанот (престој 2 часа). Посета на Сината џамија Султан Ахмет (влез слободен, престој 30 минути).Поаѓање кон Света Софија (влезницата се плаќа) и обиколка на Хиподромот, некогашен спортски и општествен центар на Византиската империја, денес плоштад Султанахмет. Турата продолжува со организиран превоз со ридот Пиер Лоти и населбата Балат, а завршува со посета на познатата Капали Чаршија. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Посета на Аквариумот (влез 30 € – престој 2 часа). Посета на трговски центар со слободно време за шопинг. Трансфер до аеродром. Лет за Скопје во 18:35 часот. Слетување во Скопје во 19:05 часот.
Цена на аранжманот 433 евра по лице