Групно крстарење со MSC OPERA по Карибски острови: Аруба, Курасао, Бонаир и Гренада
термин 20.03.2027–30.03.2027
ГАРАНТИРАНО ПОАЃАЊЕ
Внатрешна кабина - 2970 €
Кабина со прозор - 3221 €
Кабина со балкон - 3479 €
Пакет аранжман: Авионски билети | 2 ноќевања во хотел во Bavaro -ALL Inclusive | 7 ноќевања на бродот MSC OPERA | Прошетки на секој порт | Претставник
Рута на бродот: Ла Романа | Каталина Ајленд | Орањестад, Аруба | Вилемштад, Курасао | Кралендијк, Бонаир | Сент Џорџ, Гренада | Ден на море | Ла Романа
| Датум | Пристаниште | Пристигнување | Поаѓање |
| 22.03 | Ла Романа, Доминиканска Република | — | 23:30 |
| 23.03 | Каталина Ајленд, Доминиканска Република | 08:00 | 17:00 |
| 24.03 | Орањестад, Аруба | 14:00 | 21:00 |
| 25.03 | Вилемштад, Курасао | 08:00 | 20:00 |
| 26.03 | Кралендијк, Бонаир | 07:00 | 15:00 |
| 27.03 | Сент Џорџ, Гренада | 14:00 | 21:00 |
| 28.03 | Ден на море | — | — |
| 29.03 | Ла Романа, Доминиканска Република | 08:00 | — |
| ПЛАН НА ПАТУВАЊЕ | |
| 20.03.2027 | Скопје-Приштина-Пунта Кана Состанок на групата пред ВИП хотел Скопје во договорено време и следува организиран трансфер до аеродромот во Приштина. Следува лет Приштина–Цирих од 09:40 до 11:45 часот, а потоа продолжување со лет Цирих–Пунта Кана од 13:45 до 18:55 часот. По пристигнувањето во Пунта Кана, следува организиран трансфер до хотелот во Баваро. Пријавување и започнување на вашиот карипски одмор меѓу палми, бел песок и тиркизно море. Ноќевање во хотел со 4★ на ALL INCLUSIVE. |
| 21.03.2027 | Пунта Кана Ден предвиден за уживање и одмор на прекрасните плажи на Баваро, со бел песок, тиркизно море и тропска атмосфера. Уживање во услугата ALL INCLUSIVE во хотелот. Ноќевање. |
| 22.03.2027 | Баваро – Ла Романа – MSC Opera По појадокот следува одјавување од хотелот и организиран трансфер до пристаништето во Ла Романа. По пристигнувањето следува процедура за пријавување на бродот, предавање на багажот, проверка на патните документи и безбедносна контрола. По завршување на check-in процедурата се качуваме на MSC Opera и се сместуваме во кабините. Во текот на денот имате можност да ги запознаете бродот, рестораните, базените и останатите содржини. Во 23:30 часот бродот испловува од Ла Романа и започнува нашето карипско крстарење. Ноќевање на бродот – полн пансион. Напомена: При влез и излез од пристаништето La Romana се плаќа задолжителна такса од приближно 20–40 USD по лице, согласно важечките правила и тарифи во моментот на патувањето.
|
| 23.03.2027 | Кателна островот , Доменикана Утрото во 08:00 часот бродот пристигнува на Catalina Island, мало тропско островче во близина на Доминиканската Република, познато по белите песочни плажи, кристално чистото море и прекрасниот подводен свет. Островот е идеален за ден исполнет со плажа, капење, прошетка и уживање во тропската природа. По пристигнувањето, ќе имаме можност да се упатиме кон плажата и да уживаме во слободното време покрај морето. Планирана пешачка рута: Место на пристигнување → крајбрежна патека → главна плажа → зона за одмор → локални продавници/сувенири → панорамски точки → назад кон зоната за качување на бродот. Прошетката е лесна и пријатна, со повеќе места за фотографирање и уживање во погледот кон тиркизното Карипско Море. Плажата на Catalina Island Главниот дел од денот е предвиден за уживање на плажата. Може да се плива во мирното море, да се сончате или едноставно да се опуштите под палмите. За оние кои сакаат активен одмор, островот нуди можности за:
За оние што сакаат да истражуваат повеќе Може да се прошета по крајбрежјето и да се запознае природата на островот, а во слободното време да се посетат локалните точки со сувенири и мали продавници. Совет: бидејќи бродот испловува во 17:00 часот, препорачуваме најдоцна околу 16:00 часот да започнете со враќање кон местото за качување, за да има доволно време за безбедно враќање на бродот. 17:00 – Испловување од Catalina Island. Следува вечер на бродот со можност за вечера, забава, музика и уживање во сите содржини на MSC OPERA.
|
| 24.03.2027 | Оранјештад, Аруба Аруба е мал, безбеден и пријателски карипски остров, познат по белите песочни плажи, тиркизно море и шарена колонијална архитектура. Главниот град Оранјештад е шармантен и лесен за пешачење, со богата мешавина на холандско-карипска култура, улична уметност, историја и модерни продавници. Денеска ќе имате можност да се одморите, да се забавувате и да го запознаете бродот. За оние што сакаат кратка авантура на копно, препорачуваме бесплатна самостојна пешачка тура – градот е компактен и безбеден за истражување на сопствено темпо: Само 10-15 минути со такси или локален автобус од пристаништето се наоѓа познатата плажа Eagle Beach – една од најубавите плажи во Карибите, со мек бел песок и тиркизна вода – идеална за релаксација, капење и фотографии. Транспорт до Eagle Beach:
Дополнителни атракции (ако имате повеќе време):
|
| 25.03.2027 | Вилемштад, Курасао Вилемштад е главниот град на Курасао, мирен и шармантен град, познат по својата живописна холандска колонијална архитектура и мирната атмосфера. Иако англискиот е официјален јазик, на улиците, пазарите и кафулињата се зборува пред сè креолски – местен јазик што додава уникатен локален шмек. Градот е дом на бројни продавници за рум, галерии и музеји, и е совршен за кратки прошетки и разгледување. Денеска ќе имате можност да се одморите, да се забавувате и да го запознаете бродот. За оние што сакаат да го истражуваат градот пеш, препорачуваме кратка самостојна пешачка тура: Само 10-15 минути пешачење од пристаништето ќе ве одведе до плажата Parasasa Beach или популарната Mambo Beach – совршени за уживање во сонцето и релаксација. Транспорт до плажите:
Дополнителни атракции (ако имате повеќе време):
|
| 26.03.2027 | Кралендијк, Бонаир Кралендијк е главниот град на Бонаир, спокоен и пријатен островски град, познат по својата природна убавина и подводниот свет. Бонаир е популарен за љубителите на нуркање и природа, со кристално чисто море и корални гребени. Градот е мал и лесен за истражување пеш, со неколку историски згради, продавници и ресторани. На улиците ќе слушнете главно холандски, но англискиот и испанскиот се исто така често користени јазици. Денеска ќе имате можност да се одморите, да се забавувате и да го запознаете бродот. За оние што сакаат да го истражуваат градот пеш, препорачуваме кратка самостојна пешачка тура: Само 10-15 минути пешачење од пристаништето ќе ве одведе до плажата Bachelor's Beach – мала, мирна плажа идеална за одмор и нуркање. Транспорт до плажите:
Дополнителни атракции (ако имате повеќе време):
|
| 27.03.2027 | Сент Џорџ, Гренада Во 14:00 часот пристигнуваме во Сент Џорџ, главниот град на Гренада, познат како еден од најживописните градови на Карибите. Градот е сместен околу природен залив и е препознатлив по шарените куќи, колонијалната архитектура, стрмните улички, локалните пазари и прекрасните погледи кон Карипското Море. По симнувањето од бродот започнуваме со пешачко разгледување на центарот на Сент Џорџ. Планирана пешачка рута: Пристаниште → Carenage → Esplanade Mall → главните улици на Сент Џорџ → St. George's Market → Sendall Tunnel → плоштадот и центарот на градот → St. Andrew's Presbyterian Church → Fort George → назад кон пристаништето. Најубавиот дел од прошетката е Carenage, живописната крајбрежна зона со јахти, рибарски чамци, ресторани и шарени згради. Од таму продолжуваме кон центарот на градот и локалниот пазар, каде може да се купат сувенири, зачини и локални производи. Fort George Пешачката тура продолжува кон Fort George, историска тврдина изградена на возвишение над градот. Од оваа точка се отвора прекрасна панорама кон Сент Џорџ, пристаништето и Карипското Море – идеално место за фотографии. За оние кои сакаат плажа Во слободното време може да се посети Grand Anse Beach, една од најпознатите плажи на Гренада, со долг појас бел песок и мирна тиркизна вода. До плажата може да се стигне со такси, а времето потребно зависи од сообраќајот. Дополнителни можности:
Поради тоа што бродот испловува во 21:00 часот, препорачуваме најдоцна околу 19:30 часот да започнете со враќање кон пристаништето. 21:00 – Испловување од Сент Џорџ, Гренада. Следува вечер на бродот со вечера, музика, забавна програма и слободно време за уживање во MSC OPERA.
|
| 28.03.2027 | Ден на море Овој ден е посветен на одмор и уживање во сите содржини на бродот. По неколку интензивни денови исполнети со карипски острови, денешниот ден е идеална можност да забавите, да се опуштите и целосно да го почувствувате животот на брод. Утрото започнете го со кафе и појадок со поглед кон Карипското Море, а потоа уживајте во базените, лежалките и панорамските палуби. Во текот на денот можете да ги користите спортските и рекреативните содржини на бродот, да посетите некој од баровите или рестораните или едноставно да се одморите со поглед кон бескрајното море. За оние кои сакаат активности, бродот нуди различни можности за забава – музика во живо, квизови, игри, танцови активности, спортски содржини и програми за забава во текот на целиот ден. Планирана прошетка на бродот: Главна палуба → базен и солариум → панорамска палуба → спортско-рекреативен дел → главен ресторан → театар → вечерни барови и места за забава. Во попладневните часови можете да уживате во последните погледи кон Карибите и да направите фотографии од бродот и морето. Вечерта ве очекува посебна атмосфера на бродот со вечера, музика и забавна програма. Ова е совршена можност да уживате во последната целосна вечер на крстарењето пред пристигнувањето во Ла Романа. Ноќевање на бродот.
|
| 29.03.2027 | Ла Романа-Пунта Кана Бродот пристигнува во Ла Романа во 08:00 часот. Појадок на бродот, по што следува одјавување од кабините и напуштање на бродот. По излегувањето од бродот, групата ќе го напушти пристанишниот терминал и ќе продолжи со организиран трансфер. Нема планирана пешачка тура или разгледување на Ла Романа, бидејќи по напуштањето на бродот следува организиран престој до вечерниот лет. Следува трансфер до хотел, каде што ќе имате можност за одмор, освежување и користење на хотелските содржини до времето на поаѓање. Во вечерните часови следува трансфер до аеродромот Пунта Кана (PUJ). Повратен лет: Пунта Кана (PUJ) → Цирих (ZRH)
|
| 30.03.2027 | Цирих-Приштина-Скопје Пристигнување на аеродромот во Цирих (ZRH) во 10:30 часот, по ноќниот лет од Пунта Кана. По пристигнувањето следува престој на аеродромот и време за одмор и освежување до продолжувањето на патувањето. Поврзувачки лет: Цирих (ZRH) → Приштина (PRN) По пристигнувањето во Приштина, следува организиран трансфер до Скопје.
|
Крај на патувањето.
ПАКЕТНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
Рана резервација – Early Booking
Цените важат за резервации направени до 30.08.2026 година.
По истекот на рокот за рана резервација, пакетите ќе се продаваат по редовни цени.
| ВНАТРЕШНА КАБИНА 2970€ 3180€ | КАБИНА СО ПРОЗОР 3221€ 3405€ | КАБИНА СО балкон 3479€ 3663€ |
ВИЗЕН РЕЖИМ
За македонски државјани за сите дестинации во програмата не е потребна виза.
Доминиканска Република • Аруба • Курасао • Бонаир • Гренада
Потребен е важечки македонски пасош.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Повратен авионски билет на релација Приштина – Цирих – Пунта Кана – Цирих – Приштина, со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж, согласно тарифата на авиокомпанијата Edelweiss Air / SWISS.
Организиран трансфер Скопје – аеродром Приштина – Скопје.
Сите трансфери аеродром – пристаниште /хотел – аеродром.
7-дневно крстарење со MSC Opera 4★ – сместување во избрана категорија на кабина, полен пансион (појадок, ручек и вечера), пристанишни такси, задолжителни бродски трошоци, користење на бродските содржини (базени, фитнес, дневни активности, шоу програми и забава), како и секојдневно одржување на кабината.
Пијалаци: Во основната тарифа не е вклучен пакет за пијалаци. Бесплатно се достапни вода, кафе и чај од апарати во buffet ресторанот, додека останатите пијалаци (флаширана вода, безалкохолни пијалаци, пиво, вино, коктели и сл.) се доплаќаат.
Прошетки и разгледи во пристаништата – туристичкиот претставник ќе подготви агенда и ќе ги придружува патниците низ дестинациите, водејќи ги од точка до точка, со цел гостите без грижа да ги посетат најинтересните места без самостојно планирање на рути, превоз и организација.
2 ноќевања во хотел во Баваро / Пунта Кана со All Inclusive услуга.
Туристички претставник на македонски јазик за време на целото патување и крстарењето.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Задолжителни бродски напојници (Gratuities / Hotel Service Charge) – не се вклучени во цената на аранжманот. Се пресметуваат согласно возраста на патниците и се плаќаат во агенцијата пред поаѓање. За возрасен патник за 7-дневното крстарење изнесуваат 84 € по лице/деца под 12 г изнесуваат 48€
️Влезни/излезни такси за пристаниште La Romana: USD 40 по лице вкупно независно од возраста. Се плаќаат дополнително согласно актуелните правила и тарифа на лице место .
Премиум и гурмански ресторани на бродот (Specialty Dining).
Алкохолни и премиум пијалаци (со можност за дополнителен MSC Drink Package).
WiFi интернет пакети на бродот.
SPA третмани и Wellness услуги.
Официјални MSC Shore Excursions (екскурзии од бродот) – организирани тури со локален водич, професионален превоз и детални историски и туристички објаснувања; се резервираат и плаќаат дополнително по желба.
Локален превоз за време на прошетките според програмата (метро, такси, воз или друг јавен превоз доколку е потребен).
Туристички такси во хотелот (се плаќа директно на рецепција согласно локалните правила).
Лична потрошувачка: дополнителни пијалаци, перална, фризерски услуги, телефонски повици, интернет, третмани за здравје и убавина и други лични услуги.
Патничко здравствено осигурување.
Трошоци за виза, доколку е потребна.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ОПЦИИ НА MSC Opera 5★ (со доплата)
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ – MSC ALL INCLUSIVE ПАКЕТИ (со доплата)
EASY PACKAGE – 331N9
Уживајте во избор на пијалаци во текот на целото крстарење:
✔ Кафе, чај и топли напитоци
✔ Безалкохолни пијалаци и сокови
✔ Минерална и газирана вода
✔ Одбрани брендови на пиво
✔ Домашно вино и пенливо вино на чаша
✔ Класични коктели и мешани пијалаци со домашни жестоки пијалаци
✔ Безалкохолни коктели, вина и пива
✔ До 15 алкохолни пијалаци дневно
Доплата: 280 € по возрасно лице
Деца: 0 €
Не важи во специјализирани ресторани и на приватни острови.
PREMIUM EXTRA PACKAGE – 332N9
Премиум избор на пијалаци низ целиот брод:
✔ Специјални кафиња, чаеви и топли напитоци
✔ Безалкохолни и енергетски пијалаци
✔ Свежи сокови, смути и протеински шејкови
✔ Минерална и газирана вода
✔ Безалкохолно пиво, вина и коктели
✔ Богат избор на пива (точени и флаширани)
✔ Премиум вина и пенливи вина на чаша
✔ Премиум жестоки пијалаци и ликери
✔ Коктели со премиум брендови
✔ До 15 алкохолни пијалаци дневно
Доплата: 469 € по возрасно лице
Деца: 0 €
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ – MSC INTERNET ПАКЕТИ (со доплата)
Browse & Stream – 2 Devices
✔ Интернет за 2 уреди
✔ WhatsApp, е-пошта, социјални мрежи, видео повици, музика и видеа
Доплата: 190,26 € по лице
Browse – 3 Devices
✔ Интернет за 3 уреди
✔ Пребарување интернет, е-пошта и апликации за пораки
Доплата: 196,14 € по лице
Browse – 4 Devices
✔ Интернет за 4 уреди
✔ Неограничен пристап во текот на целото крстарење
Доплата: 237,79 € по лице
Browse & Stream – 3 Devices
✔ Интернет за 3 уреди
✔ Видео повици, стриминг музика и видеа, социјални мрежи
Доплата: 267,54 € по лице
Browse & Stream – 4 Devices
✔ Интернет за 4 уреди
✔ Целосен интернет пристап со стриминг можности
Доплата: 332,99 € по лице
Сите дополнителни пакети се опционални и се додаваат дополнително на основната цена на крстарењето, согласно желбата на патниците.
MSC Shore Excursions (екскурзии на копно) – од околу 50–150 € по лице
Организирани тури со локален водич, превоз и детални објаснувања за историјата и знаменитостите.
MSC Aurea Spa & Wellness – од околу 50 € па нагоре
Масажи, третмани за убавина, релаксација и wellness услуги.
Specialty Dining (премиум ресторани) – од околу 30–60 € по лице
Специјализирани ресторани со дополнителна понуда и гурманско мени.
MSC for Me апликација – бесплатна апликација за следење на дневната програма, активности, ресторани, мапа на бродот и сите важни информации.
Цените се ориентациони и зависат од актуелната понуда на MSC Cruises, периодот на патување и достапноста. Сите услуги се резервираат по желба и се плаќаат дополнително.
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
При потврда на резервацијата:
Распоред на дополнителни уплати:
Целосната уплата мора да биде извршена најдоцна 35 дена пред поаѓањето.
УСЛОВИ ОТКАЖУВАЊЕ:
БЕЛЕШКИ:
ETIAS – Европска пред-патничка дозвола:
Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари