Мапа – Klas Dom
Положба
Хотелот е лоциран во областа Mahmutlar, 140км од аеродромот во Анталија и 14км од центарот на Аланија.
Сместување
Вкупен број на соби 216. Сите соби се стандардни, распоредени во три блока (20м², еден француски кревет+еден единечен кревет, макс.2+1 лица). Сите соби се со купатило со туш, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (се наплаќа), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, плочки на подот и балкон.
Услуга
Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне колачи, чај и кафе, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 23.00ч., снек бар и пијалоци на плажа до 18.00ч. Дополнително се наплаќаат-увозни пијалоци, храна и пијалоци по 23.00ч, свежо цедени сокови, сладолед, Турско кафе, пијалоци во Диско клуб, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен и на плажа. Доктор, фризер, перална, телефон, факс, интернет кафé и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат.
Плажа
Хотелска приватна плажа, со песок и камчиња (има тунел преку патот), лежалки на плажа и чадори за сонце не се наплаќаат. Пешкири за на плажа се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворен базен со дел за деца, лизгалици на вода, пинг понг, фитнес, одбојка на плажа. Спортови на вода, Турска бања, масажа, сауна, Џакузи, билијард, се наплаќаат.