Book Now!
fi*lla

Мапа – Seker Resort
Положба:
Хотелот се наоѓа во областа Kiris, 7км од Кемер и 70км од аеродромот во Анталија.
Сместување:
Хотелот располага со вкупно 194 соби во две главни згради и 8 апартмани. Стандардни соби 172 (2+2 лица), фамилијарни соби 22 (макс. 2+2 лица). Сите соби се со балкон или тераса, купатило со туш кабина, фен, клима сплит систем, телефон, плочки на под, мини бар (се наплаќа), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали.
Услуги:
Се вклучено–шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне колачи, чај и кафе, вечера, сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 11.00-23.00 ч. Увозни пијалоци, свежо цедени сокови  се наплаќаат.
Содржина:
 Главен ресторан со шведска маса, снек бар, лоби бар и бар на базен. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, интернет, продавници, rent a car се наплатуваат.
Плажа:
Хотелска плажа на 250м, со ситни камчиња, лежалки и чадори не се наплатуваат. Пешкири за плажа се наплаќаат.
Спорт и забава:
Отворен базен за возрасни и деца, лизгалици, фитнес центар, сауна, Турска бања, пинг понг, пикадо не се наплатуваат. Масажа, билијард, водени спортови, компјутерски игри се наплаќа.
Осветлување за тениски игралишта и опрема, масажа, билијард, моторизирани водени спортови, компјутерски игри, школо за нуркање се наплаќа.
Забавни програми во текот на денот, натпревари и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца.