МИНИ ОДМОР НА КИПАР
5 дена / 4 ноќевања
11.05.-15.05.2026
Програма
1 ден - 11.05.2026 СКОПЈЕ ЛАРНАКА
Состанок на групата на аеродром во 17.00 Полетување за Ларнака 19,10. Приситгнување во 22,20 часот Трансфер до хотел Ноќевање
2 ден 12,05,2026 ФАМАГУСТА и АЈА НАПА
Појадок Факултативна посета на Фамагуста, крајбрежниот град на Кипар -.Заминување за градот АјаНапа.АјаНапа е можеби нај популарен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејзажи. Некогашно мало, рибарскосело, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и„втора Ибица„ за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот. Бројните ресторани, барови дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите,
Патување што Ви дава можност да го посетите прекрасниот крајбрежен град Фамагуста и да одите што е можно поблиску до оградениот и запечатениот дел од градот кој е познат низ целиот свет како „град на духови“. Посетатa на манастирот Свети Барнабас, основачот на кипарската православна црква. Следната станица е стариот центар на градот Фамагуста, за да ги видите венецијанските ѕидови во стариот дел од градот и посета на готската црква на Свети Никола и замокот Отело Враќање во хотел. Слободни активности. Ноќевање
3 ден 13.05.2026 ЛАРНАКА –НИКОЗИЈА
Појадок , Факултативен разглед на главниот град на Кипар Никозија Еден град поделен на два со 130,000 жители , две временки зони , граница и пасошка контрола Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред е посебно искуство Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е наречен LaikiGetonia –( Добар комшија ) исполнет со голем број на продавнички , кафичи , атељеа и тесни улички, Посета на Катедралата на Св Јован , големата палата на Архиепископот Макариос III првиот и доживотен претседател на републиката . како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во споствеништво на Кипарската православна цркава Слободно врем е за ручек , По ручекот се заминува према зелената линија и познатиот зид кој го дели Кипар на Грчки И Турски дел , Враќање во хотел во Ларнака Ноќевање
4 ден 14.05.2026 ЛАРНАКА -ЛИМАСОЛ-ПАФО
Појадок .Факултативна посета на Лимасол и Пафос . На пат кон Пафос поминуваме низ Лимасол каде имаме пауза во марината на Лимасол. Прошетка низ популарната марина и шеталиштето во Лимасол. По пауза продолжуваме помеѓу плантажата со лимон и портокал Фасури се до античката грчка тврдина Куриум. По посетата на тврдината поминуваме низ британските воени бази Епископи и пристигнуваме на плажата Афродита каде според легендата божицата на љубовта се родила во морска пена. Пауза за освежување и одмор со поглед на карпата на Афродита и кристално чистото море. Следува продолжување на патот кон градот Пафос, кој има историски споменици под заштита на УНЕСКО, на кој се насликани грчката историја и митологија и првите геометриски зачетоци од античка Грција. На крајот од посетата, време е за пауза во еден од многуте барови во пристаништето за кафе или ручек по ваш избор.
5 ден 15.05.2026 ЛАРНАКА -СОЛУН -СКОПЈЕ
Појадок .Одјавување од хотел во 12.00 часот. Слободно време Трансфер до аеродромот во Ларнака 21,00 Чекирање, пасошки и царински формалности.Полетување од Ларнака во 23,35 часот Пристигнување во Скопје во 01,00часот наредниот ден
Цена за резервации до 15.03.2026 - 359€
Редовна цена - 379€
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
За реализација на програмата потребно е група од 25 патника
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!