Азурен Брег- (Ница-Кан-Антиб-Сен Тропе- Фрагонард - Монако-Монте Карло) 3НП
Термин 01 Мaj
1 ДЕН 01.05.2026 СКОПЈЕ
Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.
2 ДЕН 02.05.2026 НИЦА
Oчекувано пристигнување во Ница околу пладневните часови. ,започнуваме со прошетка низ кралицата на Азурниот брег - Ница. Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата... Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Сместување во хотел. Попладне можност за прошетки и индивидуални активности во Ница. Ноќевање.
03 ДЕН 03.05.2026 СЕН ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО
По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата... Во попладневните часови враќање во Ница. Слободно време за одмор. Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло... слободно време за прошетки и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел. Ноќевање.
04 ДЕН 04.05.2026 АНТИБ -КАН :
Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб... Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани... несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)... а потоа Продолжуваме со прошеткам и запознавање на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината.... Слободно време за индивидуални прошетки, кафе во кафуле со автентичен француски амбиент или вечера во центарот на Кан. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.
05 ДЕН 05.05.2026 ЕЗ – МОНАКО - СКОПЈЕ:
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Можност за посета на Океанографскиот институт и аквариум во Монако ( влезница 20 Еур). Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
06 ДЕН 06.05.2026 СКОПЈЕ: Очекувано Пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови.
ПРОМО ЦЕНА за рана резервација до 16.04.2026: 269 €
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299 €
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ Азурен брег - 170€
НАПОМЕНИ: