Book Now!
fib*lla


Положба
Хотелот е лоциран во областа Кириш, 7км од Кемер и 56км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 524 во 5 блока.
Стандардна соба
(29м², макс.2+1 лица)-една спална и едно купатило,
Големи соби
(35м², макс.4 лица)-една спална и едно купатило,
Јуниор Фамилијарни соби
(45м², макс.4 лица)-две одвоени спални, едната со француски кревет а другата со софа, две купатила,
Фамилијарни Суит соби
(58м², макс.4 лица)-две одвоени спални со француски кревет и два единечни кревети, две купатила од кој едно со Џакузи,
4 соби за хендикепирани лица
Сите соби се со купатило со када, туш, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (вода и минерална вода се дополнува секој ден), сеф, сателитска ТВ и балкон.

Услуга
Се вклучено – пијалок за добродојде, појадок, доцен појадок, ручек, чај, колачи, вечера, полноќна закуска, локални и некој стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 11.30 – 16.00 часот. Дополнително се наплаќаат – увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, шампањ, A’la Carte ресторани со резервација, турско кафе, услуга во соба.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани-Yakamoz-морска храна, Dolusu-Турска кујна, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална, интернет сервис, фризер, продавници, rent a car, дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет конекција бесплатна во лобито.

Плажа
Хотелска приватна плажа, со песок и камчиња. Лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат. Има тунел под патот кој води до плажа.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, голем Аква парк, тениски игралишта, мини голф, одбојка на плажа, мини фудбал, кошарка, пинг понг, Турска бања, сауна, Џакузи, парна бања. Дополнително се наплаќаат-Спа центарот, масажа, салон за убавина, спортови на вода, билијард, компјутерски игри и школо за нуркање. Забавни програми во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 -17год. (групирани според возраста).