Duration: 28.12.2024
Price: 229€Распродадена : 229€
Book Now!
нех


Будимпешта 3НП (Естергом – Вишеград- Сент Андреа-Виена) – Нова Година
* Распродадена *


Термин: 28 Декември

1 ден  28.12.2024СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 12.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 12.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден   29.12.2024БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина...  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел…  Ноќевање.

3 ден    30.12.2024БУДИМПЕШТА –ВИЕНА
Појадок. Препорачуваме  целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Ноќевање

4 ден   31.12.2024 БУДИМПЕШТА  – ЕСТЕРГОМ – ВИШЕГРАД – СЕНТ АНДРЕА
По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград – некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот  и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност  за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта .  Враќање во хотел. ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА НА ПЛОШТАД. Ноќевањe.

5 ден    01.01.2025 БУДИМПЕШТА  Појадок.По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта.
Поаѓање за Македонија во попладневните  часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден  02.01.2025 СКОПЈЕ 
Пристигнување во Скопје во утринските  часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 229 


 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок во хотел Hotel Zuglo 3* во Будимпешта
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  •  Задолжително патничко осигурување  300денари
  •  Крстарење по Дунав  20€
  •  Посета на Естергом, Вишеград и Сент Андреа  50€
  •  Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF  50€
  •  Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич 20€

***ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Будимпешта – Крстарење – Виена – Сент Андреа-Вишеград-Естергом – 130€

  •  Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  •  Туристичка такса 185 ден по лице
  •  Доплата за еднокреветна соба  3.600 денари
  •  Доплата за седиште по избор 10€

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Ви Травел
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.