br*n pp
Програма
Ден 1 30.12.2026
30.12.2026
Поаѓање во 18:00 часот од Прилеп со туристички автобус, се патува преку Албанија, Црна Гора, за Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.
Ден 2 31.12.2026
31.12.2026
Преку Будва, Тиват, долж Јадранската ривиера предпладнето се пристигнува во Сплит, разгледување на градот со локален водич: Плоштадот, Диоклецијановата Палата, Катедралата Свети Дује, Сплитската променада-Рива..Потоа сместување во хотел.Слободна вечер за уживање во Божиќната весела атмосфера на Сплитската Рива. Вечерта дочек на Новата 2027 г. на плоштадот на Сплитската променада–Рива, со богата музичка програма, најавено е да настапи и да забавува музичката легенда…..Ноќевање.
Ден 3 01.01.2027
01.01.2027
Појадок. Целодневен факултативен излет со локален водич до: Трогир каде ќе се видат: Катедралата Свети Ловре, Градската порта, Кнежевиот двор од 13-ти век-сега градско собрание, палатата Чипико од 13-ти век, тврдината Камерленго,Трогирската Рива со голем број на јахти и мегајахти,барови и шеталиште за уживање…Продолжување за Националниот парк Крка со познатите слапови на реката Крка-нивна посета.Потоа ,посета на Шибеник при што ќе се видат: Катедралата св.Јаков-која е под заштита наУНЕСКО, Градското собрание, Аквариумот, четирите средновековни бунари.Слободно време во Шибеник. Вечерта враќање во Сплит и слободна вечер. Ноќевање.
Ден 4 02.01.2027
02.01.2027
Појадок. Слободно предпладне во Сплит. Во 12.00 часот заминување за Македонија, се поминува долж Јадранската ривиера, поминувајќи покрај многу убави туристички места, како: “Гусарскиот град” Омиш , Башка Вода, Подгора…и многу други. Попатна посета на неодоливата Макарска–при што ќе се видат: Кацичевиот плоштад, цркв.св. Марко и прошетка по убавото шеталиште-Рива…Продолжување за Македонија преку Црна Гора и Албанија,ноќно возење со попатни паузи.
Ден 5 03.01.2027
03.01.2027
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
Цени
ПРОМО ЦЕНА - 155 eur до 10.11
Редовна цена - 170 eur
Во цената е вклученo:
Во цената не е вклучено:
Напомена: Краен рок на пријавување до 20.12.2026 година.