Duration: 06 Mar 2027 - 10 Mar 2027
Price: 239€Промо цена : 219€
Book Now!
нех


Виена – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..


Tермин: 06 Март

1 ден  06.03.2027 Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 11.30 ч. и поаѓање за Виена во 12:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден  07.03.2027  • Виена

По пристигнувањето во Виена, предлагаме панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Виена е град на царски палати, раскошни плоштади и романтични улички, каде што минатото и сегашноста се испреплетуваат во совршена хармонија. Мирисот на свежо кафе и прочуената Захер торта, звуците на валцерот и величествената архитектура создаваат посебна магија.

Од прекрасниот Шенбрун, преку импозантната катедрала Свети Стефан, па сè до шармантните виенски кафулиња – секој чекор е ново доживување. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден  08.03.2026 • Outlet Shopping Center Parndorf – Братислава

Појадок. По појадокот можност за целодневен излет. Во претпладневните часови се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг… . Во пладневните часови, продолжуваме накај  Братислава. Сместена на брегот на Дунав, Братислава е вистинска мала бајка во срцето на Европа. Со своите шармантни калдрмисани улички, шарени фасади, романтични плоштади и прекрасниот замок што гордо се издигнува над градот, таа освојува уште на прв поглед.

Прошетката низ стариот град открива скриени катчиња, симпатични кафулиња и интересни бронзени статуи кои му даваат посебен дух на градот Разглед на градот со  туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови враќање во Виена. Ноќевање.

4 ден  09.03.2026 • Шенбрун – Дунавска Кула

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета  – трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кои го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо  Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед –  360о на градот).Дунавската кула – Виена од поинаква перспектива!Високо над прекрасната Виена се издигнува Дунавската кула (Donauturm), една од најпознатите знаменитости на градот, висока дури 252 метри! Од нејзината панорамска платформа се отвора спектакуларен поглед кон Дунав, зелените паркови, величествените градби и хоризонтот на австриската престолнина. А за оние што сакаат посебно доживување, тука е и ротирачкиот ресторан, каде што можете да уживате во прекрасната панорама додека Виена полека се врти пред вашите очи.

Во вечерните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден  10.03.2027 • Скопје

Планирано пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во пладневните  часови( во зависност од граничните премини).


Цена на аранжманот за резервации до 15.12.2026 219 €/ 13.580 ден.

Цена на аранжманот: 239 €/ 14.820 ден


Аранжманот вклучува

  • Автобуски превоз
  • Сместување во хотел со 3* во Виена (околина) на база на 2НП (нокевање/појадок)
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и водство на програмата

Не е вклучено

  • Туристичка такса 5 евра по лице на ден (задолжително се плаќа во агенција)
  • Разглед на Виена со локален водич - 25€
  • Посета на дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 60€ ( задолжителна резервација при уплата)
  • Излет Братислава И Оutlet shoping center PARNDORF( превоз, разглед со локален водич)- 50€
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 30€
  • Пакет излети: 155€
  • Задолжително патничко осигурување –250 ден
  • Доплата за еднокреветна соба – 4.500 ден
  • Доплата за избор на седиште во автобус - 20 евра

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.