Book Now!

DIAMOND ELITE HOTEL & SPA – 5* COLAKLI – SIDE (Adult Hotel +16)

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Colakli на 10км од Side и 55км од аеродромот во Antalya.

Локација : Diamond Elite & Spa 5*~Side

Сместување
Вкупен број на соби 177 во неколку блокови. Стандардни соби (28m², една спална соба, едно купатило, макс.3 лица), Фамилијарни соби со две спални соби (40m², две одвоени соби со врата помеѓу, едно купатило, макс.4 лица), Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување, потоа се дополнува само со вода), електричен бокал, сеф (се доплаќа), сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон.

Услуга
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утронски и попладневни ужини, бифе доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пјалоци, од 10.00-24.00 часот, пијалоци во барот на плажа до 18.00 часот, сладолед за време на одредени часови, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за престој. Не е вклучено: увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, Турско кафе, послуга во соба, пијалоци во Disco club.

Содржина
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Турски и Медитерански, барови околу хотелскиот комплекс, Disco club, бар за закуски на плажа. Доктор, услуга за перење и сушење, фризер, телефон, факс, интернет, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет во лоби е бесплатен.

Плажа
Хотелска плажа- песочна, 300 метри од хотел, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.

Спорт и Забава
Надворешни и внатрешни (затворени во лето) базени, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, бања со пареа, пинг понг, одбојка на плажа. Се доплаќаат: спортови на вода, билијард, компјутерски игри, SPA центар и центар за убавина и масажа. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, навечер шоу програми.