Book Now!
esc*p


Вила Акантус
Локација - Villa AKANTUS~Toroni
Вилата Acanthus е модерен и пријатен објект сместен во мирниот дел на Торони, на само 150 метри од прекрасната песочна плажа. Со уреден двор, бесплатен паркинг и домашна атмосфера, оваа вила е одличен избор за семејства и парови кои бараат комфор, чистота и близина до морето. Вилата се наоѓа на околу 150 метри од плажата во Торони, на 1 км од центарот на местото и околу 130 км од аеродромот во Солун. Во непосредна близина има таверни, пекари, маркети и кафулиња. Познатите плажи Tristinika, Akti Aretes и Destenika се на само неколку минути возење. Објектот располага со двокреветни, трокреветни студија и четирикреветни апартмани, сите комплетно опремени и уредени со вкус. Секое сместување вклучува:
– клима-уред (вклучен во цената)
– телевизор со рамен екран
– бесплатен Wi-Fi интернет
– сеф
– приватен тоалет со туш
– комплетно опремена кујна со фрижидер, решо и прибор
– балкон со поглед кон планина или двор
Во рамките на вилата гостите имаат на располагање градина, скара (BBQ), како и заеднички салон за одмор. На располагање е и бесплатен приватен паркинг во состав на објектот.
Сместувањето е чисто и редовно одржувано, со менување на постелнина и пешкири. Гостите во рецензии ја истакнуваат мирната атмосфера, љубезниот персонал и практичноста на сместувањето.


Термин 1/2 Студио (Наем) 1/3 Студио ( Наем) 1/4 Апартман (Наем)
17.05-24.05 180е 199е 269е
24.05-31.05 225е 249е 299е
31.05-07.06 245е 339е 361е
07.06-14.06 296е 419е 543е
14.06-21.06 483е 535е 670е
21.06-28.06 492е 545е 724е
28.06-05.07 492е 545е 724е
05.07-12.07 540е 599е 797е
12.07-19.07 549е 609е 829е
19.07-26.07 595е 659е 869е
26.07-02.08 595е 659е 869е
02.08-09.08 631е 699е 906е
09.08-16.08 631е 699е 906е
16.08-23.08 595е 659е 869е
23.08-30.08 540е 599е 833е
30.08-06.09 385е 426е 603е
06.09-13.09 319е 354е 508е
13.09-20.09 234е 260е 470е
20.09-27.09 185е 209е 249е

Што не е вклучено во цената

  • Туристичка такса 14е од студио за цел престој (се плаќа во вилата)
  • Превоз Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија за возрасен повратен билет 55 еур / 50 еур во еден правец
  • Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 45 Еур / 40 еур во еден правец
  • Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
  • Патничко осигурување
  • Останати индивидуални трошоци, оброци.

Важно

  • Доплата за туристичка такса по соба 14е (се плаќа во објектот)
  • Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет.
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
  • Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
  • Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;

  •  Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);