8-МИ ДЕКЕМВРИ ПРОЛОМ БАЊА
ТЕРМИН: 11.12 – 13.12.2026
Пролом Бања се наоѓа на југот на Србија, на падините на планината Радан, густо покриена со шума. Таа е една од трите бањи кои се наоѓаат во околината на Куршумлија, а воедно е и најмладата и најпосетуваната.
Бањата Пролом се наоѓа веднаш до истоименото село, по кое го добила своето име, покрај горниот тек на реката Пролом, десна притока на Косаница. Искористете го овој декемвриски викенд за одмор, прошетка и создавање нови спомени. Патување за сите кои сакаат релаксација, природа и едно поинакво искуство.
РЕДОВНА ЦЕНА: 199 € / 12.340 мкд.
ПРОМО ЦЕНА ДО 20.11: 179 € / 11.100 мкд
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
-Сместување во двокреветни стандардни соби во хотел „Радан“ 3*
https://prolombanja.com/
-Две ноќевања со појадок, ручек и вечера (шведска маса)
-Секојдневно користење на велнес-центарот (сауна, џакузи-базен со лековита Пролом вода, солена соба, тепидариум, отворен и затворен базен)
-Секојдневно користење на фитнес-салата и салата за релаксација (билијард, пинг-понг и пикадо)
-Организирана прошетка до црквата Лазарица
-Организација, реализација и придружник за време на патувањето
-Туристичка такса
-Организиран превоз од Кочани, Штип, Велес и Куманово
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Факултативна посета на Ѓаволска Варош со локален водич, превоз и влезница 5 € (екскурзијата ќе се реализира доколку дозволуваат временските услови)
-Индивидуални трошоци (масажи, пијалоци и други неспоменати услуги)
-Патничко осигурување
ПРОГРАМА
ПРВ ДЕН 11.12.2026 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата во 05:30 часот на паркингот пред хотел „Русија“. Поаѓање за Пролом Бања во 06:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Пролом Бања околу пладне. Сместување во хотел „Радан“ (Пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса). Ручек. Слободно време за индивидуални активности и релаксација во велнес-центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
ВТОР ДЕН 12.12.2026 (САБОТА) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. По појадокот заминуваме на факултативна посета на Ѓаволска Варош, доколку дозволуваат временските услови. Овој мистичен споменик на природата бил номиниран во изборот за новите седум светски чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за релаксација во спа-центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН 13.12.2026 (НЕДЕЛА) ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Во 10:00 часот следува организирана пешачка прошетка до црквата Лазарица, единствена црква-брвнара во овој крај. Враќање во хотел и во 12:30 часот поаѓање за Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
-Дете до 6,99 години, во придружба на две возрасни лица, на дополнително легло има бесплатно сместување во хотел и плаќа само превоз – 35 € / 2.170 ден.
-Дете од 7 до 11,99 години, во придружба на две возрасни лица, на дополнително легло – 50% попуст
-Трето возрасно лице на дополнително легло плаќа полна сума (на барање)
-Доплата за апартман – 30 € / 1.860 ден. по лице за две ноќевања
-Доплата за еднокреветна соба – 30 € / 1.860 ден. за две ноќевања
-Намалување за сопствен превоз – 10 € / 620 ден. по патник, пресметано од редовната цена
НАПОМЕНИ:
-За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош. Целосната доплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање.
-Цените се дадени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 ден.
-Важноста на патните документи треба да биде минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнување.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото преку „ultra first minute“ или „last minute“ понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотелот/апартманот во случај на технички причини или overbooking. Во таков случај, организаторот ќе го смести патникот, според можностите во дадениот момент, во објект од иста или повисока категорија без дополнителен надомест.
-Реализацијата на излетите зависи од временските услови. Организаторот го задржува правото, во случај на неповолни временски услови, да ги откаже излетите, при што за откажаните излети следува рефундација.