Термин 12 Март 2027
1 ден 12.03.2027 • Скопје – Прага
Состанок на групата на скопскиот аеродром во во 04:30ч. Полетување за Прага во 06:15ч. Слетување во Прага во 08:20 ч. Одиме на панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Можност за крстерење по Влтава… Има нешто навистина магично во Прага кога ќе ја погледнете од реката Влтава. Додека бродот полека плови по мирните води, пред вас се откриваат прекрасните мостови, романтичните градби и величествениот Прашки замок. Пловењето покрај славниот Карлов мост, со поглед кон шарените фасади и историските знаменитости, создава чувство како да сте дел од вистинска бајка. Трансфер до хотел. Ноќевање.
2 ден 13.03.2027 • Прага – Дрезден
Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на брегот на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во хотел во Прага. Ноќевање
3 ден 14.03.2027 • Прага – Карлови Вари
Појадок. Препорачуваме факултативен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка . Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Ноќевање
4 ден 15.03.2027 • Прага
Појадок. Одјавување од хотел. Трансфер на групата до аеродром. Полетување за Скопје во13:10ч. Слетување во Скопје во 15:10.
Промо цена за резервација до 15.12.2026: 399 евра / 24.740 денари
Редовна цена на аранжманот: 429 евра / 26.600 денари
НАПОМЕНИ: