Duration: 09 May 2026 - 12 May 2026
Price: 425€
Book Now!
Atl*S


Фиренца, Пиза, Рим, Ватикан
09.05.2026 - 12.05.2026


Програма

1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред време за лет. Полетување за Рим во 18:55 часот, слетување во 20:45 часот. Следува организиран трансфер до Фиренца. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден
ПојадокОрганизиран панорамски разглед на Фиренца со посета на следниве културно-историски знаменитости: Piazza della Signoria – главниот плоштад, прошетка по Piazza del Duomo – плоштадот со катедралата, Piazza San Lorenzo, Museo Davide – музеј со познати скулптури, Piazza Santa Maria Novella, црквата San Trinita, Ponte Vecchio – историскиот мост и Pitti Palace. По разгледот следува поаѓање за Пиза и краток разглед на градот. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден
Појадок. Организиран разглед на Рим: Piazza del Popolo – познат плоштад со три порти, Via del Corso – главната пешачка улица, Fontana di Trevi – прочуената фонтана, Pantheon – античкиот храм, Piazza Venezia – централниот плоштад, Piazza Navona – барокен плоштад, и Колосеумот – најпознатиот римски амфитеатар. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден
Појадок. Поаѓање за Ватикан – посета на плоштадот Свети Петар, Ватиканските музеи и замокот Sant’Angelo. Трансфер до аеродром во Рим. Полетување за Скопје во 19:40 часот, пристигнување во 21:20 часот.


Цена на аражманот -425 евра


Вклучено

  • Авио билет на релација Скопје-Рим-Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи според прогармата
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Рим и Фиренца
  • Туристичка такса

Не е вклучено

  • Сѐ што не е наведено во програмата
  • Влезници за музеите и другите културно -историски споменици
  • Влез во Ватикан без водич
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Напомена

  • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
  • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.