ИСТАНБУЛ 2 ноќевања
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Велес,Скопје , Кавадарци,Неготино
1 ден – 29.12.2024 (Недела)
Поаѓање од градовите , Скопје во пладневните часови, Велес:, Кавадарци, Гевгелија
2 ден- 30.12.2024 (Понеделник)
Пристигнување во предпладневните часови, оставање на багажот во хотелот кој се наоѓа во областа Аксарај или Лалели. По краткиот одмор со локален водич го започнуваме разгледот на Европскиот дел на Истанбул. Најпрво панорамски разглед на областите Аксерај и Лалели, Универзитетот Бејазит под Римскиот аквадукт, Џамијата Сулејмание, покрај Египетскиот пазар, Галата мостот итн. Разгледот продолжува покрај заливот ”Златниот Рог” кој е долг 7 км и го дели европскиот дел на два дела и пристигнуваме до самиот крај на заливот каде што се наоѓа едно панорамско возвишување ”Пјер Лоти” по името на познатиот Француски поет, кој уживал на ова место во прекрасен поглед кон заливот и Истанбул, а Вие во прекрасниот поглед можете да уживате во утринското Турско кафе приготвено во жежок песок. Потоа се упатуваме кон христијанската населба Балат која е позната по многуте шарени куќи обоени во различни бои, кои и даваат посебен сјај на оваа населба, исто така овде се наоѓа и Вселенската патријаршија, старата Грчка гимназија и Железната црква која е градена од македонски мајстори и овде е закопан Партеније Зографски. Таксим – плоштадот до кој се пристигнува по познатата улица Истиклал која изобилува со многубројни бутици, ресторани, кафетерии и по која се движи познатиот црвен трамвај а на другиот крај на улицата Истиклал се наоѓа кулата Галата. По завршување на посетата на Таксим се упатуваме кон хотелот каде сместувањето е после 14:00 часот. Слободно време за индивидуални активности со можност за индивидуална прошетка до Капали чаршија , Хиподромот на кој се наоѓаат Аја Софија, Сината џамија итн. Можност за факултативна свечена вечера на 30.12. Ноќно крстарење на Босфорот – факултативна можност за три часовно ноќно крстарење по Босфорот придружено со традиционални турски танци, неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци и три вида мени по избор. Ноќевање.
3 ден 31.12.2024 (Вторник)
Појадок. После појадокот се упатуваме на Крстарење по Босфорот, Долмабахче + Азиски дел на Истанбул. – Долма Бахче палатата,утринското кафе може да го испиеме во ресторанот кој се наоѓа во дворот пред влезот на палатата, доколку има заинтересирани можност и за факултативна посета односно влезница (50евра) во палатата со локален водич. (Палатата во која е преточено целото богатство и раскош во кој уживале султаните, раскошот на внатрешноста може само да се доживее со посета на истата, за која се употребени 14 тони злато, 40 тони сребро прекрасни лустери 288 соби, 68 тоалети, прекрасни градини…)
– Крстарење по Босфорот (прекрасно крстарење покрај европскиот и азискиот брег на Босфор каде се наоѓаат палатата Долма Бахче, џамијата Ортакој, куќите на познати турски глумци,политичари и бизнисмени, многу од нив ќе ги препознаете од турските ТВ серии…)
– Палатата Бејлербеи или некои уште ја опишуваат како минијатурна Долмабахче служела како летна резиденција на султанот исто така тука се одржувале многу забави за гостите, посебно во летниот период. Истотака место на многу рибни ресторани и место каде се снимени голем број од турските филмови.
– Кадикој е прекрасна облас во азискиот дел на Истанбул на анадолската страна кое е посебно омилено на локалното население затоа што тука може да вкусите прекрасна храна најдобрата пица во Истанбул. Областа изобилува со мали кафиќи, продавници раздвижен дел на Истанбул каде се наоѓаат големи станбени објекти посебно популарна е да се посети улицата Bahriye. Враќање кон хотелот.
Слободни активности.
*Можност за организиран дочек на Новата Година во ресторан или крстарење со брод (резервација и уплата при уплата на аранжманот).
*Можност на дочек на Новата Година (индивидуално на некој од плоштадите) Ноќевање.
4 ден-01.01.2025 (Среда)
Појадок. После појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон шопинг центарот ”ФОРУМ” во чија близина се наоѓа и Декатлон.
Слободно време за шопинг. Поаѓање за Македонија ноќно возење со попатни паузи.
5 ден 02.01.2025 (Четврток)
Пристигнување во Македонија во утринските часови.
Редовна цена: 149 евра
Промо цена – 130 евра
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
ПАКЕТ – ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ (со локален Водич) – 30 евра
ПАКЕТ – КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР и АЗИСКИ ИСТАНБУЛ (со локален Водич) – 80 евра
Други дополнителни факултативи и влезници се :
Везница во палатата Долма Бахче(влезница + локален водич)- 50€,
30.12.24 Ноќно крстарење на Босфорот – факултативна можност за три часовно ноќно крстарење по Босфорот придружено со традиционални турски танци, неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци и три вида мени по избор – 50€,
31.12.24 Дочек на НОВА ГОДИНА крстарење на Босфорот – факултативна можност за ноќно крстарење по Босфорот придружено со традиционални турски танци, неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци и мени по избор од понудените – 100е (задолжителна уплата во агенција)или
31.12.24 GAR GAZINO традиционални турски танци, неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци и мени по избор од понудените –95e (задолжителна уплата во агенција);
Здраствено патничко осигурување (задолжително)- 350 ден,
Туристичка такса за целиот престој 2 евра по лице (задолжително) се плаќа во агенцијата
Доплата за еднокреветна соба – 3.000 денари.
ЕВРОПСКИ ПАКЕТ+ПАКЕТ КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР и АЗИСКИ ИСТАНБУЛ = 100 евра
НАПОМЕНА: Патувањето е од туристички карактер затоа задолжително треба да се избере барем еден од понудените пакети.
Напомена:
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: