Duration: 30.12.2024
Price: 99€Последни места : 99€
Book Now!
ar*k


Поаѓања вклучени во цената од
Штип 21.30 часот , Струмица 20.00 часот , Радовиш 20.30 часот , Велес 22.00 часот
Прилеп 20.00 часот; Кавадарци во 21.15 часот; Кочани 20.00 часот; Гевгелија 19.00ч; ;  и Куманово 22.00ч.


1 ден: 30.12.2024 год.
Будва Нова година 2025: Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот СЦ „Борис Трајковски“ во 23.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден: 31.12.2024 год.
Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2025 година пред платото на Стариот град во Будва со новогодишен концерт или дочек во некои од многубројните ресторани и ноќни клубови. Ноќевање.

3 ден: 01.01.2025 год.
Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија. Попладне враќање во Будва. Слободно време. Вечерта реприза на новогодишната ноќ со организирани концерти пред Стариот град во Будва. Ноќевање.

4 ден: 02.01.2025 год.
Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино.  Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град, но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Патувањето продолжува за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.


99€  превоз + приватно сместување

129€  превоз + сместување во Хотел 3*


Новогодишни концерти со Владо Георгиев и Дино Мерлин


Во цената е вклучено 

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација; (Поаѓања вклучени во цената од Штип, Струмица, Радовиш,  Велес,  Прилеп, Кавадарци, Кочани, Гевгелија,  и Куманово)
  • Сместување во хотел со 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;
  • Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;
  • Туристичката такса е вклучена во цената и кај приватното и кај хотелското сместување;
  • Посета на Св.Стефан;
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не е вклучено 

  • Факултативен излет до Дубровник (20 евра)
  • Факултативен излет до Котор, Тиват-Порто Монтенегро (10 евра)
  • Пакет цена за излети до Дубровник и Котор-Тиват-Порто Монтенегро (25 евра)
  • Влезници за посети
  • Патничко осигурување

Напомена за Будва Нова година 2025:

  • За реализација на аранжманот Будва Нова година 2025 потребни се минимум 40 патници.
  • За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош или лична карта;
  • Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Ви Травел