Duration: 11 Dec 2026 - 13 Dec 2026
Price: 209€Промо цена : 199€
Book Now!
stff


 КУРШУМЛИЈСКА БАЊА – ДЕКЕМВРИ 

ТЕРМИН: 11.12. - 13.12.2026


Куршумлијска Бања е градска населба и бањско лекувалиште во општина Куршумлија. Бањата се наоѓа во котлината на Бањска Река, на 442 м надморска височина и на 11 км од Куршумлија.

Комплетно реновираниот хотелски комплекс „Куршумлијска Бања“ е лоциран на падините на шумовитиот Копаоник. Лековитата моќ на термоминералната вода што извира овде била препознаена уште во времето на Римјаните, а денес е достапна преку понудата на современиот медицински и велнес-центар на хотелот „Планинка“.


РЕДОВНА ЦЕНА: 209 € / 12.960 мкд.

ПРОМО ЦЕНА ДО 20.11: 199 € / 12.340 мкд.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Автобуски превоз на наведената релација
-Сместување во хотел „Планинка“ 4* во стандардни соби, на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса
https://kursumlijskabanja.rs/
-Користење на отворен и затворен базен, полуолимписки базен и релакс-базен со термална вода со температура од 33 до 35 °C
-Секојдневно користење на содржините од велнес-центарот: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи – тепидариум и соба за релаксација
-Користење на сала за забава со пинг-понг и билијард, фитнес-сала и детска игротека
-Туристичка такса

-Организиран превоз од Кочани, Штип, Велес и Куманово

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

-Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
-Патничко осигурување – 200 ден.


Програма:

ПРВ ДЕН 11.12.2026 (ПЕТОК) – СКОПЈЕ – КУРШУМЛИЈСКА БАЊА
Состанок на групата во 05:30 часот на паркингот кај хотел „Русија“. Поаѓање за Србија во 06:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце, со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Куршумлијска Бања и сместување во хотел „Планинка“ 4*. Слободно попладне за одмор и релаксација во спа-центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

ВТОР ДЕН  12.12.2026 (САБОТА) – КУРШУМЛИЈСКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на велнес-центарот на хотелот или за индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасното зелено опкружување на бањските паркови.
Вечера. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН  13.12.2026 (НЕДЕЛА) – КУРШУМЛИЈСКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите согласно со правилата на хотелот. Слободно време за индивидуални активности или користење на спа-центарот. Околу пладне поаѓање кон Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
-Дете од 2 до 6,99 години, во придружба на две возрасни лица, на дополнителен кревет има бесплатно сместување во хотел и плаќа само превоз – 35 € / 2.170 ден. (на барање)
-Дете од 7 до 11,99 години, во придружба на две возрасни лица, на дополнителен кревет – 50% попуст
-Трето возрасно лице на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање)
-Доплата за сместување во апартман – 20 € / 1.240 ден. по лице за две ноќевања (на барање)
-Доплата за еднокреветна соба – 20 € / 1.240 ден. за две ноќевања (на барање)
-Намалување за сопствен превоз – 10 € / 620 ден. по патник, пресметано од редовната цена


НАПОМЕНИ:
-За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош. Целосната доплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање.
-Цените се дадени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 ден.
-За Србија може да се патува со лична карта или пасош. Доколку се патува со пасош, важноста на патниот документ треба да биде минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнување.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото преку „ultra first minute“ или „last minute“ понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотелот/апартманот во случај на технички причини или overbooking. Во таков случај, организаторот ќе го смести патникот, според можностите во дадениот момент, во објект од иста или повисока категорија без дополнителен надомест.
-Реализацијата на излетите зависи од временските услови. Организаторот го задржува правото, во случај на неповолни временски услови, да ги откаже излетите, при што за откажаните излети следува рефундација.