СТРАЗБУР – ШВАРЦВАЛД – АЛЗАС
Авион 4 дена /3 ноќевања
13.03 Четврток СКОПЈЕ – БАЗЕЛ – СТРАЗБУР
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:40 часот. Полетување за Базел во 06:40 и пристигнување во 09:05 часот. Трансфер ја пречекува групата на аеродром, патување за Стразбур. Пристигнување во центарот, од каде почнува разглед на градот: седиштата на Европскиот совет, Европскиот Парламент, Меѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот: Катедралата Нотр Дам во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, Плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот познат и како мала Франција е најсликовитиот дел на Стразбур кој изобилува со шарени градби од дрво градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Можност за крстарење по каналите на Стразбур. Сместување во хотелот. Вечерна прошетка. Ноќевање.
14.03 Петок ШВАРЦВАЛД – Баден Баден – Хајделберг
Појадок. Целодневен факултативен излет во Шварцвалд: разглед на Баден-Баден, кој се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и претставува вистинска оаза на Германската култура и историја. Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по своите лековити својства, па затоа и градот е идеално место за бански туризам. За неговото славно минато светочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и 3 километри долгото шеталиште. Патувањето го продолжуваме кон Хајделберг, романтично гратче сместено на реката Некар. Атракција е ренесансниот замок на брдото над градот кој спаѓа меѓу најимпресивните објекти во Германија и опстојува повеќе од 700 години, се вбројува во топ 10 најпопуларни европски знаменитости со повеќе од 3 милиони туристички посети годишно. Градот е седиште на една од најстарите образовни институции во Европа – Универзитетот Руперт-Карл, основан во 1386-та година. Панорамско разгледување на градот: Карловата капија 18-ти век, Замокот Хајделберг 14-ти век, Градското собрание од 14-ти век, стариот градски плоштад, стариот мост на Некар долг 200 метри од 18-ти век, готската црква на Свeтиот Дух од 14-ти век, Универзитетската четврт, Алејата на филозофите со најубав поглед на стариот дел на градот. Враќање во Стразбур. Ноќевање.
15.03 Сабота АЛЗАС – Риквир и Колмар – ФРАЈБУРГ
Појадок. Целодневен факултативен излет во Алзас: селото Риквир едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милион туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Посета на винарија и можност за дегустација на вино. Слободно време. Патувањето продолжува кон Колмар, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани… Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден. Попатна посета на Фрајбург: гратчето кое го носи епитетот бисерот на Шварцвалд. Иако за време на Втората светска војна бил сосема уништен, полека и прецизно е реставриран до последниот детал, па денес важи за еден од најубавите средновековни градови во Европа. Прошетка по Главниот плоштад со Катедралата Мунстер и камбанаријата висока 116 метри, Трговската зграда од 16-ти век со темноцрвена фасада, Градското собрание од 16-ти век, Плоштадот на Аугистините со манастирот каде има скали налик на познатите Шпански скали во Рим. Враќање во хотел. Ноќевање.
16.03 Недела СТРАЗБУР – БАЗЕЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за прошетка во Стразбур. Поаѓање за Базел, разглед на градот. Слободно време до трансферот до аеродромот во Базел. Полетување за Скопје во 21:00 часот и слетување во 23:10 часот.
Промо цена за уплати до 22.12: 479 €
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 539 €
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ: