Италија – земја на пица и паста, земја на мода, култура и неверојатна убавина. Сплет на уметност, традиција и модерно време. Градби и знаменитости кои ќе ве остават без здив. Италија е дефинитивно една од најпосетените земји во светот. Милиони туристи на годишно ниво ја преплавуваат, а најпосетени се Рим, Милано, Фиренца, Венеција, Пиза и Верона
ПРОМО ЦЕНА: 155 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛЕНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ ОД 85 ЕВРА ПО ЛИЦЕ (екскурзиите се плаќаат во автобус)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 185 ЕВРА
Програма
Состанок на групата на Дрводекор во 11:30 часот. Поаѓање за Италија во 12:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Трст во утринските часови. Следува мал разглед на градот во кој има микс на различни култури поради граничењето со Словенија и поради тоа дека долги години бил дел од Австр-унгарската империја. Добрата клима е причина да се посети овој град. По разгледот на градот, упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village, каде што ќе најдете продавници како Adidas, Calvin Klein, Calzedonia - Intimissimi, Desigual, Gap, Guess, Kappa, Kiko, Levi's, Marc O'Polo, Nike и уште многу други брендови. Слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање за Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.
Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Верона и Милано. По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија. Разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте.
Слободно време. Потоа, продолжуваме кон Милано. Следува разглед на градот: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот
Дуомо–катедрала софасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По слободното време, враќање во хотел. Ноќевање.
По појадокот, одјавување од хотелот и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод до центарот на Венеција. Слободно време за разглед на најпознатиот град на вода: плоштадот и цркватаСв.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 08.09.2026 (вторник).
Во цената на аранжманот е вклучено:
-2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лидо Ди Јесоло или околина
- Автобуски превоз на наведената релација
- Посета на Трст и шопинг центарот Палманова
- Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, ЦрнаРека (Сирково), Велес
- Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Превоз со брод од Пунта Сабиони до Венецијa (35 €)
- Посета на Верона и Милано со водич (55 €)
- Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање
ВЛЕЗ ВО ВЕНЕЦИЈА 5 ЕВРА ПО ЛИЦЕ СЕ ПЛАЌА ОНЛАЈН (инфо во агенција)
НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
НАПОМЕНИ: