Duration: 30 Dec 2026 - 02 Jan 2027
Price: 175€
Book Now!
сав


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 2 ноќевања

30.12.2026  (среда)       СКОПЈЕ - АТИНА  
Состанок на паркингот пред СЦ "Борис Трајковски" во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
 
31.12.2026 (четврток)       АТИНА  
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. панорамски разглед на Атина, при што ќе ги видиме најпознатите градски знаменитости – плоштадот Омонија, плоштадот Синтагма и грчкиот Парламент, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адријановата порта, Стариот Олимписки стадион и храмот на Зевс. Посебно внимание ќе посветиме на Акропол и неговото непосредно опкружување, како и на живописната населба Плака, со нејзините тесни улички, традиционални продавнички и таверни... Ќе ги доживееме и празнично украсените улици во центарот на Атина, со блескави новогодишни светилки, свечени декорации и празнични излози, а особено ќе уживаме во празничната атмосфера на улицата Ерму, една од најпознатите шопинг-улици во градот, и во впечатливата новогодишна декорација на плоштадот Синтагма, каде што традиционално се поставува големата новогодишна елка. По разгледот сместување во хотел и слободно попладне за индивидуално уживање во празничната атмосфера на градот.. Вечерта, Атина оживува во новогодишен дух. Можност за индивидуално присуство на новогодишната прослава на плоштадот Синтагма или факултативно учество на новогодишна вечера во традиционална таверна во Плака, со грчка музика, богата трпеза и празнична атмосфера. Ноќевање
 
01.01.2027 (петок)       АТИНА 
Појадок. Првиот ден од Новата година го започнуваме со слободно време за индивидуални прошетки и уживање во празничната атмосфера на Атина. Можност за повторно откривање на шармантната населба Плака, позната по традиционалната архитектура, тесните улички и автентичните грчки таверни,прошетка низ историскиот центар, посета на плоштадот Монастираки едно од најживите места во историскиот центар на градот, или уживање во кафе и традиционални грчки специјалитети во некоја од локалните таверни. Денот е предвиден за индивидуални активности, одмор и уживање во медитеранскиот дух на грчката престолнина, со можност за шопинг и фотографирање на најубавите градски знаменитости. Ноќевање.
 
02.01.2027 (сабота)      АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ - СКОПЈЕ  
Појадок. Напуштање на хотели и заминување на факултативен излет до Пелопонез и прекрасната област Арголида – регион исполнет со историја, митови и живописни пејзажи. Нашето патување започнува со посета на Коринтскиот канал, грандиозното инженерско дело кое ги поврзува Егејското и Јонското Море. Продолжуваме кон Епидаурус, познат по својот антички театар и извонредната акустика, а потоа кон Микена, еден од најзначајните археолошки локалитети во Грција и древниот центар на микенската цивилизација, поврзан со легендите за кралот Агамемнон. Следува посета на Нафплион – романтично крајбрежно гратче со тесни улички, плоштади и препознатлива медитеранска атмосфера. По разгледите и слободното време за ручек во локална таверна, враќање во Атина кадешто ги зимаме патниците кои нема да одат на Пелопонез и се упатуваме кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во раните утрински часови следниот ден.

Цени на аранжманот: 175€ (10.850,00 мкд) по лице со вклучени 2 разгледи


Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот со локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето


Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезница за Акропол околу 30€
- Влезници за Микена и Епидаурус, околу 20€
- Туристичка такса 5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
- Доплата за 1/1 соба – 45€
- Факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан
- Факултативна вечера во национален ресторан
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 40€
- Патничко здравствено осигуривање


НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.