КУРШУМЛИЈСКА БАЊА
Термин 15.01.-17.01.2027
РЕДОВНА ЦЕНА: 219 евра / 13.578мкд
ПРОМО ЦЕНА: 199 евра/ 12.338мкд
BLACK FRIDAY до 30.11.2026: 189 € / 11.718мкд
st*ff

Куршумлијска Бања е градска населна и бањско лекувалиште во општина Куршумлија. Бањата се наоѓа во котлината на Бањска река, на 442м надморска висина и на 11км од Куршумлија. Комплетно реновираниот хотелски комплекс Куршумлиска Бања е лоциран на падините на шумовитиот Копаоник. Лековитата моќ на термоминералната вода која овде извира е потврдена уште во времето на Римјаните, а денес достапна до Вас преку понудата на современиот медицински и велнес центар на хотелот „Планинка“.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Автобуски превоз на наведената релација.
-Сместување во Хотел Планинка 4* во стандардни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса
-Користење на отворено – затворен базен, полуолимписки базен, релакс базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
-Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, соба за релаксација
-Користење на сала за забава пинг-понг и билијард, користење фитнес сала, детска игротека
-Туристичка такса
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Задолжително патничко осигурување.
-Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
Програма:
ПРВ ДЕН 15.01.2027 (ПЕТОК)СКОПЈЕ – КУРШУМЛИСКА БАЊА
Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Русија . Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности. Пристигнување во Куршумлиска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*. Слободно попладне за одмор и релаксирањес во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
ВТОР ДЕН 16.01.2027 (САБОТА) КУРШУМЛИСКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН 17.01.2027 (НЕДЕЛА)-КУРШУМЛИСКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило (до 10.00час). Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во предпладневните часови со попатна посета на трговскиот центар Пента Парк во Прокупље. Слободно време за шопинг. (Лидл, Пепко, Синсеи, Д Спорт...) Продолжување на патот кон Македонија и пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
-Дете 2-6.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден
-Дете 7-11.99год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло -50% попуст од цената на аранжманот
-Доплата за сместување во Апартман-20€/1.240ден за две ноќевања (доплаќаат сите, освен дете до 6,99г.)
-Доплата за еднокреветна соба 20€/1.240ден за две ноќевања (на барање)
-Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.
НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
