Duration: 05 Mar 2027 - 10 Mar 2027
Price: 269€Промо цена : 239€
Book Now!
нех


“Северниот Бисер”на Италија како го нарекуваат Милано, со бурна историја и стари градби, денеска е центар на Светската Мода. Се е предодредено на Модата , од Архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala, Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици. А вечерите поминете ги во Опера, Театар или во многубројните клубови.


Термин  05 Март 2027

 

1 ден  05.03.2027 • Скопје   

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 10:00 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце.Патување преку Србија,Хрватска,Словенија со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден  06.03.2027 • Милано 

Планирано пристигнување во Милано во предпладневните часови. По пристигнувањето   одиме на факултативен разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки… Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден  07.03.2027 • Милано – Џенова – Outlet Shoping Centar Seravale 

Појадок.  Предлагаме целодневен излет до Џенова… вечната соперничка на Венеција за превласт над Средоземното море. По пристигнувањето следи прошетка низ стариот дел на градот (под заштита на УНЕСКО)-   Palazzo Reale, Piazza de Ferrari, Porto Antico, aquarium, Torre della Lanterna. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг.По посетата на  Џенова, Ве водиме во Outlet Shoping Cenatr Seravale. СДлободно време за шопинг. Враќање во Милано.  Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

4 ден  08.03.2027 • Милано – Лугано (Швајцарија) – Комо

Појадок.  Предлагаме целодневна посета на Лугано(Швајцарското Монте Карло) и Комо. Разглед на Лугано: катедралата San Lorenzo, црквата Santa Marina di Angelo, стариот град со пркрасните плоштади, казиното, најубавиот парк во Швајцарија “Parco Civico”. Слободно време за прошетки.  Потоа го посетуваме  градчето Комо кое се наоѓа на брегот  на езерото Лаго ди Комо (Италија). Тука Холивудскиот џет-сет има свои вили ( Villa Oleandra на Џорџ Клуни) , вилите на Стинг, Ричард Брансон . Тука е сниман и филмот “Casino Royale” – Џемс Бонд, “Ocean’s Twelve… Можност за факултативно крстарење (30 мин) со брод  покрај некои од познатите вили. Слободно време за прошетки.  Излет со многу впечатоци. Враќање во Милано во вечерните часови. Ноќевање.

5 ден  09.03.2027 • Милано – Сирмионе – Скопје

Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Слободно претпладне во центарот на Милано Во договор со водичот патувањето  продолжува кон Сирмионе – езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура. Слободно време за индивидуални прошетки.  Патувањето  кон Скопје продолжува  преку Словенија,Хрватска,Србија со попатни паузи. Ноќно возење.

6 ден  10.03.2027 • Скопје

Пристигнување Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во пладневните часови.


Промо цена за рана резервација до 15.12.2026: 239 евра / 14.820 денари 

Цена на аранжманот:  269 евра / 16.680 ден.


Аранжманот вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Милано -Скопје,
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Милано,
  • Организација и водство на програмата,
  • Организација на аранжманот,
  • Лиценциран туристички придружник,

Не е вклучено

  • Задолжителна посета на Сирмионе - 30€ (се плаќа во агенција),
  • Задолжително патничко осигурување - 300 денари,
  • Разглед на Милано - 25€,
  • Факултативен излет за Лугано и Комо - 65€,
  • Посета на Џенова и Outlet Shoping Center Seravale - 60€,
  • Пакет Излети - разглед на Милано+Лугано и Комо+Џенова и Серавале - 140€,
  • Ексклузивно крстарење по езерото Комо со глисер (60 мин) - 65€,
  • Туристичка такса Милано - 5€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција),
  • Доплата за еднокреветна соба – 4.650 ден,
  • Доплата за избор на седиште - 20€,
  • Доплата за дополнително седиште - 150€

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.