Duration: 06 Mar 2026 - 09 Mar 2026
Price: 429€Рана резервација до 15.12.2025 : 359€
Book Now!
нех


1 ден  06.03.2026  СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во  во 12:30ч. Полетување за Прага во 14:30ч. Слетување во Прага во 16:35 ч. Трансфер до хотел. Можност за прошетка низ центарот на Прага со јавен превоз ( со придружба од пратителот на групата). Ноќевање.

2 ден  07.03.2026  ПРАГА – ДРЕЗДЕН
Појадок.Препорачуваме целодневен факултативен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на брегот на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во хотел во Прага . Ноќевање

3 ден   08.03.2026  ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Препорачуваме факултативен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови .Ноќевање 

5 ден  09.03.2026 ПРАГА
Појадок. Одјавување од хотел. Одиме на панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Потоа препорачуваме крстарење со брод по реката В’лтава (факултативно).Слободно време за индивидуални прошетки. Трансфер на групата до аеродром. Полетување за Скопје во 17:10ч.Слетување во Скопје во 19:10.


FIRST MINUTE цена за резервација до 15.12.2025: 359 евра

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за уплати до 30.12.2025:  389 евра 

Редовна цена на аранжманот: 429 евра


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Авионски превоз на релација Скопје - Прага - Скопје
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Сместување во хотел Olympik 4* https://www.olympik.cz/en/olympik/ во Прага на база 3 ноќевања со појадок
  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
  • Разглед на Прага со локален водич
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 300 ден (за лица до 60 години)
  • Факултативен излет Карлови Вари (60€)
  • Крстарење со брод по Влтава (25€)
  • Целодневна посета на Дрезден (80€)
  • Пакет излети: 160
  • Цената на излетите е важечка за мин. 15 лица ( патниците треба да се изјаснат за излетите при улата на аранжманот)
  • Чекиран багаж до 10кг. - 30€
  • Туристичка такса 3 евра по лице на ден, се плаќа во агенција
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба 6.700 ден

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 15 патници.
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.