
НОВОГОДИШНА БАЈКА: САНКТ ПЕТЕРБУРГ & МОСКВА
Програма
1 ден: 28.12.2026 СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ - САНКТ ПЕТЕРБУРГ
Состанок на групата два часа пред поаѓање на аеродромот ТАВ Скопје, во 07:15 часот. Лет со авиокомпанијата Turkish Airlines за Истанбул во 09:15 часот (TK1004). Пристигнувањето на аеродромот во Истанбул во 12:50 часот. Лет за Sankt Petersburg во 19:30(TK399). Пристигнување во 23:15 часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден: 29.12.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Петропавловска тврдина)
Појадок. Панорамско разгледување на градот: Невски Проспект, Казанскиот Парламент, Кралскиот плоштад, Адмиралитетот, Васиљевско острово, Ермитаж, Исакиевската катедрала, Бронзениот коњаник ... (без да се влезе во објектите). Факултативен разглед на Петропавловската тврдина, историското јадро на градот, Петтропавловската Црква, каде се погребани сите руски императори (почнувајќи од Петар I), Историскиот музеј на Санкт Петербург, како и прочуените зандани. Слободно време. Ноќевање.
3 ден: 30.12.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Пушкин - Царско Село)
Појадок. Факултативна програма до Пушкин - Царското Село - летната резиденција на Екатерина Велика, замокот и прекрасниот парк со површина од 34 км2. Ентериерот на замокот фасцинира со сјајот на уметнички предмети изработени од полускапоцени камења,
злато, портрети на династијата Романови. По повод 300-годишнината од основањето на Санкт Петербург заврши реконструкцијата на познатата Килибарска сала, која го врати некогашниот сјај на дворецот на Екатерина. Факултативна програма на возење со руска
тројка (во случај на поволни временски услови). Слободно време. Ноќевање.
4 ден: 31.12.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Ермитаж, Дочек на Нова Година)
Појадок. Трансфер до железничка станица. Патување за Москва околу 09.00 часот со современ воз Сапсан. Патувањето трае 3 часа и 50 минути. Панорамско разгледување на градот со автобус: центарот на градот, Црвениот плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј, Бољшој театарот, Црква на Исус Христос Спасителот, Новодевичанскиот Манастир, видиковецот Врапчево брдо, Универзитетот „Ломоносов“, Паркот на победата и други (без влегување во објектите). Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време. Факултативна програма: Посета на Московското метро во вечерните часови, од најубавите метро станици, 44 имаат статус на културно наследство. Наликуваат на музеи (мозаици, скулптури, мермерни столбови и портрети на националните херои). Ноќевање.
6 ден: 02.01.2026 МОСКВА (Кремљ, Палата на оружјето и Бородинската битка)
Појадок. Факултативна програма: Кремљ, најстариот дел од историскиот центар на Москва, со извонредна убавина на архитектонски и уметнички комплекс. Прошетка по делот на црквата Успесение на Архангел, Цар-ѕвоното и Цар-топот, како и Палатата на Оружјето - ризницата на царска Русија. Огромните историски и уметнички богатства на Московскиот Кремљ се собрани во една збирка, од која настанал Музејот Палатата на Оружјето, кој е под заштита на УНЕСКО. Факултативна екскурзија кон Музеот Бородинската битка - посветен на војната Наполеон во 1812 година. Главен експонат на музејот е панорамаата,кое преставува огромно сликано платно со димензии 115 х 15м, кое виси во затворен круг и преставува еден од најтешките моменти на војната на Бородинското поле. Слободно време. Ноќевање.
7 ден: 03.01.2027 МОСКВА (Сергиев Посад; вечерно крстарење на Москва)
Појадок. Факултативна програма: Сергиев пасад (поранешен Загорск, 70 километри од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комплекси, поранешна резиденција на рускиот патријарх. Потоа, разглед на Тројствената лавра на Св. Сергеј. Попладне слободно време за одмор и индивидуални активности. Факултативна програма: Вечерен разглед на Москва по река - пловење со ексклузивниот брод - ресторан Radisson. Ноќевање.
8 ден: 04.01.2027 МОСКВА - ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време. Трансфер до аеродромот. Лет за Истанбул со авио компанијата Turkish Airlines во 14:05 часот (TK418). Слетување во Истанбул во 18:05 часот. Лет за Скопје во 20:15 часот (TK1005). Пристигнување во Скопје во 19:45 часот.
Регуларна Цена по лице во двокреветна соба 1699 € / 105.338 мкд
EARLYBOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 30.10.2026 1499€ /92.938мкд
Доплата за еднокреветна соба 200 € / 13.020 мкд
Попуст за дете од 02-11,99 години -100 € / 6.200 мкд
Попуст за трето возрасно лице во соба не следува. Леглото за 3то лице може да е со помали димензии од стандардните
Цената покрива:
Цената Не покрива
ОПИСИ НА ХОТЕЛИТЕ:
Санкт Петербург, Cosmos Pulkovskaya 4*
Се наоѓа на Московскиот проспект и има одлична метро-врска со центарот на градот. Во рамките на хотелот има ресторани:пивница со сопствена мини-пивара на познатиот бренд Paulaner и жива музика, како и јапонски ресторан со богат избор наспецијалитети. На располагање е опремен фитнес-центар со базен, сауни и можност за масажни третмани.
Москва, Congress Hotel Borodino 4*
Се наоѓа во познатиот историски дел на Москва – реонот Соколники, во поширокиот центар на градот. Во близина се наоѓаголемиот и многу популарен парк Соколники. Хотелот се наоѓа помеѓу две метро-станици – Соколники и Красноселскаја, до кои се стигнува за околу 10 минути пеш. До строгиот центар на градот и Црвениот плоштад се стигнува за околу 20–25 минути. На гостите им се на располагање ресторанот со руска и европска кујна „Кутузов“иàlcarteлобибаро„Барклај“. Во рамките на хотелот има базен, сауна, турска бања и теретана, наменети за активен одмор и релаксација. Појадокот е на шведска маса.
ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ:
Важни информации
Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата. Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот. 2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот. Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник; Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето на локалитетите. Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото како и локалните објекти кои се предвидени за посета во делот на факултативните екскурзии.Доколку на лице место пратителот или локалниот водич патниците не ги извести на време Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на АД.САВА Осигурување Полиса бр: ОП-01184883 издадена од Министерство за Економија за вршење на дејност како и сертификат за работа.Побарајте патничко осигурување и договор за патување Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари. Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 15 дена пред поаѓање.