Duration: 17 Jun 2026 - 22 Jun 2026
Price: 569€
Book Now!

esc*tr


План и програма

ПРВ ДЕН
Состанок на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот. Внимавајте на вашиот авионски багаж да ги задоволува потребните димензии и килажа. По пристигнувањето во Неапол, организиран трансфер до хотелот и сместување.
ВАЖНО:
ЛЕТОВИТЕ ЗА СИТЕ ЧЕТИРИ ТЕРМИНИ СЕ СЛЕДНИТЕ:
SKOPJE – NAPLES ( 16:30 PM )
NAPLES – SKOPJE ( 18:45 PM )
ВТОР ДЕН - ПЕТТИ ДЕН
Овие денови се предвидени за уживање и индивидуални активности , како и за еднодневна посета на Неапол. Денот предвиден за посета на Неапол , се одредува дополнително на лице место. Воедно препорачуваме и  посета на некои од факултативните излети како што се : Капри,Амалфи,Поситано. За овие факултативи се одлучувате на лице место. Пријавување и резервација не се прави во канцеларија.
ШЕСТИ ДЕН
По напуштањето на собите, во договорено време трансфер до Аеродромот. Пристигнување во Скопје

ТЕРМИН  од 17.06.2026 - 22.06.2026 Стандард 1/2 ( појадок ) - 569 евра
ТЕРМИН од 01.07.2026 - 06.07.2026 Стандард 1/2 ( појадок ) - 629 евра
ТЕРМИН од 17.07.2026 - 22.07.2026 Стандард 1/2 ( појадок ) - 629 евра
ТЕРМИН од 04.09.2026 - 09.09.2026 Стандард 1/2 ( појадок ) - 569 евра


Што е вклучено во цената

  • 5 ноќевања на база на BB ( појадок  );
  • Директен лет на релација : Скопје – Неапол – Скопје;
  • Авио билети;
  • Рачен багаж до 8кг – ( Wizz Air димензии 40x30x20 );
  • Трансфер од аеродром до хотел и назад ;
  • Користење на лежалки на плажа
  • Посета на Неапол

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за кабински и чекиран багаж ( информации и плаќање во агенција);
  • Туристичка такса ( се плаќа на лице место);
  • Индивидуални трошоци;
  • Патничко осигурување;
  • Факултативни излети за посета на Капри,Амалфи и Поситано – ( за нив се пријавувате на лице место );
  • Доплата за single room -200 е (12400,00 ден.)

CUMEJA BEACH CLUB & HOTEL 4*
Локација - Cumeja Beach Club 

СМЕСТУВАЊЕ КОЕ ПРАВИ РАЗЛИКА
Вашиот одмор ќе биде во Cumeja Beach & Club Hotel 4* – место каде релаксацијата е загарантирана:

  • Локација директно покрај море
  • Приватна плажа и базен
  • Италијанска кујна и пријатна атмосфера
  • Совршен баланс помеѓу мир и уживање

ПОСЕТА НА НЕАПОЛ - ВКЛУЧЕНА ВО ЦЕНАТА

Цена за пакет: Дополнително

НЕАПОЛ – ГРАД СО ДУША 
Неапол е еден од најживите и најавтентични градови во Италија – место каде историјата, културата и секојдневниот живот се спојуваат во уникатно искуство. Сместен покрај бреговите на Тирентското Море, со спектакуларен поглед кон вулканот Везув, овој град нуди нешто што ретко каде ќе го почувствувате – вистинска, сурова италијанска енергија.

РОДНО МЕСТО НА ПИЦАТА
Неапол е дом на светски познатата неаполска пица – едноставна, но совршена. Тука храната не е само оброк, туку доживување.

БОГАТА ИСТОРИЈА И КУЛТУРА
Градот е под заштита на UNESCO, со историски центар кој е еден од најголемите во Европа.
Ќе најдете:
– антички цркви и катедрали
– тесни калдрмисани улици
– архитектура што раскажува приказни од различни епохи

ВЕЗУВ И ОКОЛИНА
Над градот се издигнува Везув – еден од најпознатите вулкани во светот. Во негова близина се наоѓаат и античките градови Помпеја и Херкуланум, замрзнати во времето по ерупцијата.

ЖИВОТ КРАЈ МОРЕТО
Неапол нуди прекрасни погледи кон морето, пристаништа, шеталишта и близина до острови како Капри и Искија. Совршен спој на град и летен одмор.

АТМОСФЕРА ШТО НЕ СЕ ОПИШУВА – СЕ ЧУВСТВУВА
Неапол е гласен, хаотичен, топол и полн со живот. Луѓето се темпераментни, улиците се живи, а секој агол крие приказна.


Тиренско Море – што го прави посебно?
Тиренското Море се протега долж западниот брег на Италија и е опкружено со некои од најубавите региони како Кампанија и Тоскана.

Познато е по:
-тиркизна и топла вода;
-долги песочни плажи и скриени заливи;
-близина до острови како Капри и Искија;
-автентична италијанска кујна и опуштена атмосфера;

Неапол – срцето на јужна Италија
Ќе имате можност да го посетите живописниот град Неапол – град со душа, историја и енергија.
-родното место на пицата
-поглед кон вулканот Везув
-богато културно наследство и тесни улички полни со живот
-комбинација од хаос и шарм што ќе ве освои на прв поглед

Сместување – удобност и релаксација
Вашиот престој ќе биде во хотелот Cumeja Beach & Club Hotel 4* , лоциран директно покрај море. Ова патување е совршен спој на море, култура и италијански стил на живот. Дозволете си лето кое ќе го паметите!