Бари – Алберобело – Пулија 24ти Мај 2026
23.05 – 26.05 3 ноќи / 4 дена
Ден 1 – 23.05 (Сабота) | СКОПЈЕ – БАРИ
Состанок на групата во 20ч00 на Скопскиот аеродром. Полетување за Бари во 22ч00 Пристигнуваме во шармантниот град Бари 23ч00– срцето на регионот Пулија. Трансферот до хотел и сместување.
Ден 2 – 24.05 (Недела) | ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – БАРИ & АЛБЕРОБЕЛО& ПОЛИЉАНО А МАРЕ
Појадок. Денот е резервиран за откривање на две од најиконичните места во Пулија:Алберобело, градот на уникатните куќички „трули“ со конусни покриви – светско наследство на УНЕСКО, како и Бари, главниот град на областа Пулија. Разглед на градот со локален водич ке прошетаме кај Базиликата на Свети Никола, Катедралата Сан Сабино, стариот дел на градот Bari Vecchia со неговите тесни улички и локална атмосфера, замокот Свево, елегантниот театар Петруцели, прошетката покрај морето на Lungomare Nazario Sauro, како и живите пазари и плоштади исполнети со медитерански шарм и уметнички дух. Слободно време за кафе, ручек, или прошетка по центарот на Бари. Попладне продолжување кон Алберобело е волшебно гратче во регионот Апулија, познато по своите уникатни камени куќички со конусни покриви – трули, кои се под заштита на УНЕСКО. Ова бајковито место со белите ѕидови и калдрмисани улички нуди автентична италијанска атмосфера и е едно од најживописните села во јужна Италија. Слободно време. Попатно се упатуваме кон Полинјано а Маре, прогласен за најгостопримлив град во светот (2023). Посета на историскиот центар преку Арко Марчезале од 16 век, црквата „Дева Марија од Успение“, прошетка низ еврејскиот кварт и дегустација на локални специјалитети.Враќање во Бари. Ноќевање.
Ден 3 – 25.05 (Понеделник)
Појадок. Денес одиме на незаборавно патување до Матера, еден од најстарите населени градови во светот и европска престолнина на културата во 2019 година.Прошетка низ Sassi di Matera – антички населби и цркви издлабени во карпите, кои создаваат уникатен пејзаж што изгледа како филмска сцена. Посета на локални занаетчиски продавници и можност за дегустација на традиционални јадења. Попладне враќање во Бари. Последна вечер за да се прошетате покрај морето или да се опуштите со чаша локално вино во некој од рестораните и Ноќевање.
Ден 4 – 26.06 ( Понеделник )
Појадок. Одјава од Хотел до 11ч00. Слободно време пред заминување за Скопје, можност за прошетка низ Бари. Трансфер до аеродромот во 19ч30. Полетување кон Скопје во 22:30
Промо цена 369 евра
Редовна цена 469 евра
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Летови:
23.05.2026 | Скопје (21:55) → Бари (23:05)
26.05.2026 | Бари (22:40) → Скопје (23:50)
Факултативни излети:
НАПОМЕНИ: