мар*тин
1-ви Мај во Паралија – Хотел Ioni 3*
Термин: 01.05.2026 - 03.05.2026
Превоз: Организиран од Штип , Велес, Скопје, Неготино
Пакет цена по лице
од 109 евра
( за 2 ноќевања со појадок )
| СМЕСТУВАЊЕ |
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ |
| Возрасен во DBL ROOM |
109 евра |
| Трет возрасен во TRP ROOM |
95 евра |
| Дете 6-11,99 во TRP ROOM |
75 евра |
| Дете 0-5,99 (хотел / превоз) |
бесплатно / 40 евра |
01.05.2026 (Петок) Македонија - Паралија
Состанок на групата на автобуската станица во Велес во раните утрински часови. Поаѓање за Грција во 05.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Паралија и сместување во избраниот хотел. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор. Ноќевање.
02.05.2026 (Сабота) Паралија
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки, релаксација и одмор. Ноќевање.
03.05.2026 (Недела) Паралија – Македонија
Појадок. Напуштање на собите согласно хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за поаѓање кон Македонија. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Автобуски превоз на наведената релација;
- Сместување во избраниот хотел, тип на соба и услуга на база 2 ноќи; Ioni 3* (ноќевање со појадок - BB)
- Организација, реализација и туристички придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Задолжително патничко и здравствено осигурување;
- Туристичка такса 5€ по соба од ноќ (доплата на рецепција во хотел); – Индивидуални трошоци.
НАПОМЕНИ:
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30%, доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 35 патници, агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.