1ви мај во Солун-Метеори-Лутраќи-Воден (01-03 мај 2026)
1 ден. 01.05.2026.
Поаѓање во 05.00 часот пред Нова Пошта во Штип. Патуваме за Грција преку граничен премин Евзони со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Солун, слободно време за шопинг, слободни активности. Поаѓање за Паралиа во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
2 ден. 02.05.2026.
Појадок. По појадокот тргнување за Метеори со посета на Големиот Манастир. По враќање од Метеори следува посета на фабриката за злато и икони во с.Калампака. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.
3 ден. 03.05.2026.
Појадок. По појадокот патуваме кон Лутраки (Пожар). Пристигнување во Лутраќи, слободно време за посета и користење на минералните топли води на отворено во Лутраки. Заминување за Воден, посета на природните убавини на градот познат по изобилството на вода и живописните водопади, слободно време. Заминување за Македонија во попладневните часови.
Цена на аражманот : 117 евра
трансфер поаѓање од Скопје 03:50 часот + доплата 5 евра
Во цената на аранжманот е вклучено:
-превоз на наведената релација со високо туристички авотбус
-две ноќевања во Паралиа на база –ноќевање со појадок
-посета на Солун, Метеори, Лутраќи, Воден
-организација и водство на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-влезница за Метеори-5 евра-индивидуално
-користење на топлите минерални води во Лутраки-индивидуално
-патничко и здравствено осигурување
-влезници за културно историските знаменитости