Book Now!
noa*turs


ПОРЕЧ е шармантен крајбрежен град на западниот брег на Истра, познат по својата богата историја, уредена околина и жива летна атмосфера. Со своите тесни улички, медитеранска архитектура и разновидна туристичка понуда, Пореч претставува идеална дестинација за сите генерации. Градот нуди одличен баланс помеѓу релаксација, забава и културни содржини, создавајќи услови за пријатен и исполнет одмор.
Зелена Лагуна е модерен туристички комплекс опкружен со борова шума, кристално чистото море, спортски активности и содржини за сите возрасти. Комплексот располага со уредени плажи (каменести, поплочени и чакалести), долги шеталишта покрај море и бројни содржини за сите генерации.


Хотел Делфин се наоѓа во Зелена Лагуна, на сама плажа, опкружен со зелена природа

  • Хотелска соба за 2 - 3 лица
  • базен, детски воден парк и детски клуб
  • ресторан со шведска маса (појадок и вечера)
  • дневна и вечерна анимација, музика и забава
  • бројни спортски активности (тенис, велосипед, водени спортови)
  • полупансион (појадок + вечера )

Апартмани Астра се наоѓаат во истиот комплекс со Hotel Delfin, во зелена и мирна околина, на сама плажа. Нудат комфор и приватност, двор, дневна соба со целосно опремена кујна и 2 спални соби.

  • апартмани со 1 дневна соба + 2 спални соби за 4 - 5 лица
  • кујна и тераса
  • мирна локација
  • идеални за фамилии
  • Гостите сместени во Astra апартманите ги користат услугите и содржините на Hotel Delfin (ресторан, базен и останати капацитети) и камп Zelena Laguna https://www.istracamping.com/accommodation/camping-zelena-laguna/
  • полупансион (појадок + вечера)


Цените се по лице на база полупансион и вклучуваат:

  • Авио билет: Скопје – Љубљана – Скопје
  • Организиран трансфер: Аеродром – Хотел – Аеродром
  • 7 ноќи / 8 дена со појадок и вечера

 Услови за деца во Хотел ДЕЛФИН

  • Дете (од 0 – 1.99год)  - 85% попуст на цената по лице
  • Дете (од 02 – 11.99год)  - 60% попуст на цената по лице
  • Дете (од 12 – 13.99год) - 50% попуст на цената по лице

Услови за деца во Апартмани АСТРА:

  • Дете (од 0 – 1.99год )  – 85% попуст на цената по лице
  • Дете (од 02 – 4.99год ) – 60% попуст од сумата на еден возрасен
  • Дете (од 05 – 13.99год ) –50% попуст од сумата на еден возрасен

Услови за трет и четврт возрасен во Апартмани АСТРА :

  • 25% попуст на цената по лице

Организирани факултативни прошетки: Пореч, Ровињ, Пула и Опатија во текот на престојот