МАЈОРКА | 26 ЈУЛИ – 03 АВГУСТ
Совршен сплет на медитеранска елеганција, песочни плажи и внимателно избрана удобност —
во шармантната Палманова, во близина на Палма де Мајорка
ЛЕТ (преку Виена со Austrian Airlines)
26 Јули
SKP – VIE 12:35 – 14:10
VIE – PMI 17:15 – 19:40
03 Август
PMI – VIE 15:15 – 17:40
VIE – SKP 22:45 – 00:15 (+1)
ЗОШТО ПАЛМАНОВА?
Палманова е една од најбалансираните и најбарани локации на Мајорка — место каде комфорот, убавината и практичноста се спојуваат без компромис. Со долги, уредени песочни плажи и кристално чисто море кое гали, оваа област е идеална и за вистински одмор и за лесно уживање во секој момент.
Нејзината позиција во близина на Палма де Мајорка овозможува брз пристап до градската динамика, ресторани, шопинг и култура, додека самата Палманова задржува поопуштен, пријатен и уреден амбиент. Токму таа рамнотежа ја прави најдобар избор што одговара за квалитетен престој.
Hotel Tent Palmanova 3*
1199 EUR по лице (во двокреветна соба)
Современиот Хотел Tent Palmanova со урбан концепт и опуштена атмосфера, се издвојува со својот препознатлив „brunch unlimited“ концепт до 13:30 часот, што овозможува флексибилност и вистинско уживање без брзање. Лоциран на одлична позиција, на кратко растојание од песочната плажа во Палманова, хотелот овозможува лесен пристап до шеталиштето, рестораните и локалните содржини. Модерно уредените соби, пријатната атмосфера и внимателно осмислениот концепт создаваат балансирано и удобно искуство на Медитеранот.
Reverence Mare Hotel 4*
1399 EUR по лице (во двокреветна соба)
Со цвојот префинет стил Хотелот Reverence Mare се надоврзува на медитеранската елеганција што ја дефинира Палма. Поставен веднаш до морето, хотелот природно се вклопува во амбиентот на Палманова, каде светлината, водата и архитектурата се во одлична хармонија. Повеќето базени, rooftop зоната со поглед кон хоризонтот и спа просторот создаваат чувство на дискретен луксуз. Пространите соби и внимателно организираниот полупансион ја заокружуваат целината, оставајќи впечаток на лесно и софистицирано медитеранско искуство.
✔ Вклучено:
✔ Не е вклучено:
Разглед на градот Палма де Мајорка
Градот Палма де Мајорка го открива својот карактер преку хармонија на историја, архитектура и медитеранска елеганција. Разгледот започнува во срцето на градот, пред импозантната La Seu Cathedral — готско ремек дело кое доминира над морската линија и ја дефинира силуетата на Палма.
Во непосредна близина се наоѓа Royal Palace of La Almudaina, каде што се преплетуваат кралската традиција и историските влијанија кои го обликувале градот низ вековите.
Патеката продолжува кон Parc de la Mar — простор каде архитектурата и водата се во совршен дијалог, со отворен поглед кон Катедралата и медитеранскиот хоризонт.
Во старото градско јадро, Plaça Major носи активен градски ритам, опкружен со кафулиња и силна улична уметничка енергија. Passeig del Born ја открива елегантната страна на Палма — Авенија исполнета со палми, бутици и софистицирана градска атмосфера.
Со поглед кон заливот на Палма, моментите на зајдисонце ја откриваат најсмирената и најмагичната разгледница на градот во прекрасни бои.....
Излет до Ибица – едно поинакво медитеранско доживување, остров со сопствен ритам, енергија и карактер
По утринско двочасовно пловење од Мајорка, пристигнуваме на Ибица, каде атмосферата веднаш добива поинтензивен и подинамичен медитерански израз.
Нашата прва станица е срцето на островот – стариот град Dalt Vila, кој се издига над морето и е под заштита на УНЕСКО. Влегуваме низ историскиот влез Portal de ses Taules и се движиме низ камени улици кои со секој чекор откриваат нови погледи, скриени агли и автентична медитеранска атмосфера.
Патеката нè води нагоре, сè до највисоката точка – Ibiza Cathedral, од каде се отвора панорамски поглед кон пристаништето, морето и целиот град.
По историскиот дел, следува сосема поинаква слика на островот. Се спуштаме кон модерната марина Marina Botafoch, каде јахтите, рестораните и баровите ја покажуваат современата, луксузна страна на Ибица. Тука се чувствува енергијата на островот на најелегантен начин.
Следува слободно време за индивидуално уживање – прошетка низ тесните улички на стариот град, одмор во локално кафуле со поглед кон морето или кратко бегство на една од блиските плажи како Talamanca Beach или Playa d'en Bossa.
Комплетната прошетката ја прикажува Ибица во нејзината најавтентична форма, а излетот ја надополнува приказната за престојот на Мајорка, без да ја менува нејзината суштина.
Боите на северна Мајорка
Целодневен излет кон северниот дел на островот кој ја открива неговата поинаква, поширока и природно впечатлива страна.
Прв дел од доживувањето е историскиот град Alcudia — стар град со зачуван карактер, камени улички и автентична медитеранска атмосфера која го раскажува минатото на островот на елегантен начин. Плажата Playa de Muro е една од најмагичните плажи на Mallorca, позната по својата долга песочна линија и кристално чистото море.
Излетот вклучува превоз во двата правци, разглед на градот и слободно време за уживање на плажа.